„Само Интервју” вечерва со Бујар Османи

Вечерва во „Само Интервју“ гостува  Бујар Османи

Дами и господа, петок е последен работен и ден резервиран за „Само интервју”. На која страна ќе се заврти албанскиот „политички компас“, дали температурите во владеачката коалиција допрва ќе се покачуваат, вечерашното издание на „Само интервју„ со Гоце Михајлоски, резервирано Вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи.

Рамноправност или нови раздори, какви чувства ќе разгори имплементацијата на законот за двојазичност?

Жешка или млака , каква „политичка“ пролет не очекува?

Нови пресуди или нови политички договори ќе имаме на судската тацна?

Со што ќе поентира Заев, а со што Мицскоски за да го освојат албанското гласачко тело? Дали можеби ДУИ се плаши од се поизвесната опозициска коалиција од албанскиот блок?

Кој од обвинителите ќе гори со Катица и Боки и дали законот за јавно обвинителство ќе се скрои по европски терк?

Колку неопределени албанци ќе апстинираат и овој 12ти април и дали можеби ДУИ има „џокер“ како да ги придобие?

И вечерва гледајте „ Само интервју” со Гоце Михајлоски, одговори бараме од Вицепремиерот, Бујар Османи, само на Канал 5 Телевизија.

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

Фото: Заев, Николовски и Филипче не носеле кациги, казнети по 50 евра

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.

Во Штип само за еден час биле казнети 50 возачи.

притисни ентер