Поповска: Следната недела ќе се знае дали ќе има измени на Законот за управување со отпад

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска изјави дека следната недела ќе има информација дали измените на Законот за управување со отпад ќе биде донесен или не. 

Дотогаш институциите треба да одговорат дали носењето на обвие измени ќе влијае на македонскиот извоз на друг вид отпад во другите земјите од ЕУ.

Поповска вели дека ние не сме членки на ЕУ и немаме такви тврди облигациони односи. Пратеничката тврди дека „од институциите има лично заинтересирани за учество во овој бизнис” и оти во оваа област институциите имаат многу работа да проверат што и како се прави. Потребно е, вели таа, строга контрола, но и ревизија на целиот овој систем.

Заев и Ципрас добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија за Преспанскиот договор

Поранешните премиери на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која им се дава признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името.

-Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион', изјави д-р Рајнхард  Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе, објавувајќи ги добитниците на Меѓународната награда  за мир на Вестфалија за 2020 година

Во образложнието Зинкан нагласува дека и двајцата сега поранешни шефови на влади ги ставиле политичкиот контекст и иднината пред личните политички кариери

-Без Ципрас и Заев, прашањето околу името немаше да се разреши и меѓусоседскиот спор ќе продолжеше да го дестабилизира целиот Балкански регион, додава Зинкан.

Наградата свечено ќе биде доделена на 19. септември, во рамки на Самитот во Минстер, каде што на посебна панел дискусија ќе се обратат двајцата поранешни премиери и доскорешната преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Инаку, со оваа награда Преспанскиот договор е потврден како клучен документ за стабилноста и европската иднина на регионот, пред се на Македонија. Договорот со Грција ги гарантира нашите перспективи и стремежи кон европското семејство. Ваквите награди со високо значење треба да претставуваат поттик за лидерите на двете држави да продолжат со имплементација на договореното со почитување на заедничките вредности.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија е воспоставена во 1998 година од Асоцијацијата на претприемачи на Вестфалија и Липе и се доделува на секои две години. Меѓу досегашните добитници на ова угледно признание се Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Курт Масур, Карла дел Понте, Кофи Анан, екипажот на Меѓународната вселенска станица, балтичките држави итн..

Паралелно со доделувањето награди на личности или претставници на држави за нивната мировна работа во Европа и светот, наградата се доделува и на млади луѓе кои поставиле пример за политичко, социјално и еколошко помирување. Годинава, покрај Заев и Ципрас, добитник на младинската награда е иницијативата Plant-for-the-Planet. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата „Рекет"

​Зоран Заев е главата на криминалниот октопод.

Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот.

Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет". Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?

Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет". Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.

Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13.

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви.

Ваквата спрега не смее да го држи во грч правосудниот систем во Македонија. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

11 лица се убиени, во две пукотници во Ханау во близина на Франкфурт

Германската полиција соопшти дека 11 луѓе биле убиени, а неколкумина други ранети во две пукотници во Ханау во близина на Франкфурт.

Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот е германски државјанин кој имал дозвола за носење оружје, при што во неговиот автомобил била пронајдена дополнителна муниција.

Првиот напад се случи околу 22 часот во наргиле бар во центарот на градот, што се наоѓа 25 километри источно од Франкфурт, а вториот во бар во предградието Кеселштат. Гостите во двата бара главно биле Курди.

По неколкучасовна потрага која вклучи и хеликоптер, полицијата во пет часот наутро упаднала во домот на осомничениот напаѓач, каде што тој бил пронајден мртов, заедно со уште едно лице. Идентитетот на напаѓачот засега не е објавен.

притисни ентер