Нов парк во Стар Аеродром

Нов парк ќе биде изграден во Стар Аеродром што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло", соопшти Општина Аеродром.

Урбаниот парк ќе биде со површина од 3.200 метри квадратни и ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Градоначалникот Златко Марин во наредниот период планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија, додаваат од Општината. 

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата по 12 април, кога ќе ја предводиме новата Влада

​Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија.

Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина.

Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмуца – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница.

Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка.

Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата подеднакво.

По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова. По 12-ти април повеќе за секого.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ

Пратениците Владимир Ѓорчев, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на ОБСЕ денеска и утре во Виена ќе учествуваат на зимската сесија на ПС.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за решавање на долготрајните конфликти: алатки и механизми на ОБСЕ (прва комисија), Безбедносните последици од климатските промени и улогата на парламентарците (втора комисија), Мултилатерализам во акција: Меѓународна соработка за човекови права (трета комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 3 до 7 јули 2020 година во Ванкувер, Канада.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обратат Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Австрија, Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ, Еди Рама, претседавач на ОБСЕ и премиер и министер за надворешни работи на Албанија и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ. /МИА

Во Кривичен судење за „Рекет"

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Рекет" во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за перење пари, односно за злоупотреба на службената положба.

На минатото судење судот ја исклучи јавноста, а се презентираа преостанатите три фолдери од усб-то на Зоран Милевски-Кичеец.

Судијката Васка Николовска-Масевска, одлуката ја образложи со тоа што го посочила обвинителката дека со јавното изведување ќе се наруши угледот на лица кои не се дел од овој кривично-правен настан.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело" и за „примање награда за противзаконито влијание". Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

На првото рочиште за „Рекет", што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание", по што беше осуден на три години затвор. /МИА

притисни ентер