Британец бил ставен во карантин поради коронавирусот : Ме одвлекоа доктори во скафандери

Британец кој ги добил симптомите на инфекција со коронавирус и кој бил ставен во карантин на почетокот од оваа недела, ракажа како е да се биде во изолација.

Крег Дилон од Лондон поминал 12 часа во болница откако се вратил дома од Австралија преку Кина и поминал многу тестови. Резултатите на крајот покажале дека тој е негативен за новиот вид коронавирус и дека всушност на патувањето добил пневмонија.

"Се вратив во Велика Британија во понеделникот. Поминав одмор во Австралија и Тајланд, а на враќање на летав прво во Кина, а од таму во Англија. Се чувствував лошо недела или две. Отидов на работа во средата, но се чувствував полошо и полошо. На крајот, се јавив во службата за итни случаи и ми рекоа веднаш да дојдам во болница “, изјави Дилон за Скај њуз.

„Кога пристигнав во болницата „Ст. Томас“, му реков на мојот лекар дека бев во Кина и Тајланд и дека имам симптоми на грип. Докторот буквално ме извлече од болницата и веднаш ми стави маска за лице. Потоа ме однесе во просторијата за изолација, во карантин , и ми рече да влезам. Чекав таму 30 минути. Беше прилично страшно “, се сеќава тој.

"Докторот и медицинската сестра набргу влегоа во собата облечени во скафандери. Тие беа со мене во собата два часа и ми направија некои тестови. Тешко беше да се разбере сè што кажуваа затоа што носеа маски. Ми правеа повеќе пати тестови на крвта, зедоа брис. од уста и нос. Напишаа сè на хартија и потоа ги ставаа тие белешки на стаклото за да можат лекарите надвор од собата да ги прочитаат. Чекаа со мене за резултатите. За среќа, моите наоди беа негативни на коронавирусот ", рече младиот Британец.

Битиќи: Не сметам дека ќе бидат оштетени лозарите

Досега не е видено како Влада да имаме толку брз одговор на потребата и ситуацијата со лозарите и искрено не сметам дека ќе бидат оштетени. 

Ова е едно решение во кое сите добиваме, ние како Влада, винариите и лозарите, а кога се сите добитници некој помалце губи.

Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за државна помош со германската компанија „ВИК Македонија" во Владата.

-Би се радувале да ја немавме пандемијата па нивната цена на грозјето да се движеше како во претходната година или дури и да биде уште повисока. За жал ситуацијата е таква каква што е, особено што имавме и неповолна клима воопшто, па родот кој го имаме не е со толакав квалитет кој винариите и откупните центри го бараат. Има неколку негативни моменти кои не одат во полза на државата, а и на самите лозари, но ние го правиме максимумот возможен да им одговориме за да бидат најмалку оштетени, рече Битиќи.

Фондот кој што го одредиме околу 400 милиони денари само за лозарите, додаде, некој ќе може да каже дека можеле да одат на некое друго место, но ние рековме дека ни се важни и дека можеби во овој момент нема да бидат покриени некои други буџетски расходи.

-Тоа е пристапот кога имате Влада која сака да најде решение и е партнер – сите страни влегуваат и изнаоѓаат решение и мислам дека примерот со лозарите е таков, потенцира Битиќи./МИА

Ќе се гради пруга од Кичево до Струга кон Албанија

Желизничкото поврзување долж коридорот 8 останува приоритет за државата. 

Освен кон Бугарија, ќе се гради железничката пруга и до Албанија. Станува збор за делница од 63 километри од Кичево до албански Лин кај Радожда.

За овој долгонајавуван проект владата синоќа дала зелено светло, а за целиот проект државата ќе бара околу 500 милиони евра од меѓународни финансиски институции и кредитори. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека проектната документација е готова, но изградбата ќе почне кога ќе се обезбедат парите.

Според Бочварски потребна е реконструкција на пругата и од албанска страна, бидејќи е застарена.

Освен железничка инфраструктура се најавува и автопатска реконструкција на неколку делници. Во моментов, се работи на проширување на автопатот меѓу Катланово и Петровец на двете коловозни ленти. Инвестицијата чини над 7 милиони евра.

Првиот човек на ЈП Патишта најави дека во октомври ќе се распишат тендери за реконструкција на девет делници, од кои четири че бидат токму во делот околу Петровец, Хиподром и Миладиновци. До крајот на годината се очекува рехабилитација околу 300 километри за побезбедни патишта.

ВМРО-ДПМНЕ: Што се 50 евра за возење без кацига, кога обвинителство молчи за 200 милиони евра на Дака

Денес власта на Заев се обидува бесрамно да глуми правна држава. 

Изречената казна од 50 евра за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски е обичен пи-ар театар во услови кога власта на Заев е фатена до гуша во скандал со коруптивниот случај со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ. Сега ќе глумат владеење на правото за казна од 50 евра за сообраќаен прекршок, а криминален бизнис тежок 200 милиони евра поминува без никаква реакција на институциите.

Аболицираниот за криминал од 8 милиони евра, човекот кој сите го слушнаа и видоа како бара евро за вицето, човекот кој е капо ди тути капи на сите криминални, корупциски и рекетарски мрежи во Македонија не може да биде пример за право и правда.

Ова е само блед обид како да се затвори еден сообраќаен прекршок, дури откако јавноста дозна за него преку социјалните мрежи. Апсурдот да биде поголем овој сообраќаен прекршок бил направен на очиглед на припадници на МВР кои се дел од неговото обезбедување и никој не го спречил или санкционирал, се до оној момент не се дозна во јавноста.

Тоа е методот на криминалците и прекршителите на законот, ако помине помине, ако не ќе релативизираат, ќе се извинуваат до небо и ќе прават ефтин пи-ар.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер