Надал удри девојче со топче по главата , па и се извини и ја бакна (ВИДЕО)

Рафаел Надал лесно го совлада Фредерик Делбонис (6-3, 7-6, 6-1) за да се пробие во третото коло на Австралија опен.

Сцените од натпреварот во Австралија го обиколија светот поради едно девојче, кое собираше топки и реакцијата на Рафа по форхендот што заврши таму каде што не треба. Шпанецот ја удри топката точно во малото девојче кое стоеше близу до линијата на теренот, а таа храбро остана на нозе, не покажувајќи дека ја боли. Доволно е да се замисли болката од ударот на Рафаел Надал, но девојчето сепак стоеше со солзи во очите. Надал дојде до неа и ја бакна во образ.

„Се исплашив за неа. Топката беше брза. Таа е супер храбро девојче. Ова беше еден од најстрашните моменти во мојата кариера. Ја удрив директно во главата. “, рече Рафа по победата што го доведе до натпревар против сонародникот Карен Буста, минатогодишниот финалист на Австралија опен.

Околу 200 луѓе сослушани во врска со случајот Навални

Министерството за внатрешни работи на Русија за Сибирскиот округ соопшти дека полицијата сослушала околу 200 лица во врска со случајот на Александар Навални.

Се додава дека вработените во Фондот за борба против корупција повторно се сослушуваат.

Како што е наведено, соработниците од сообраќајната полиција спровеле широк спектар на истражувачки дејства, а сослушани се и граѓани кои биле во контакт со Навални или биле сведоци на неговиот престој во Томск, како и некој од патниците кои летале со истиот авион со него, пренесе „ТАСС“.

На Навални на 20 август му се слошило на летот од Томск кон Москва, а авионот во кој бил итно слетал во Омск.

Навални бил превезен во болница, каде паднал во кома, а неговите поддржувачи тврдат дека отруен со нешто што му е ставено во чајот на аеродромот.

Докторите во болницата во Омск потоа соопштиле дека здравствената состојба му е стабилна и дека, според резултатите на испитувањето, кај Навални не се пронајдени знаци од труење.

На барање на семејството, Навални на 22 август е префрлен на клиниката Шарите во Берлин.

Германската влада на 2 септември, соопшти дека Навални е отруен со супстанцата од групата на хемиските отрови „Новичок“.

Меѓутоа, Москва тоа го отфрла и инсистира на тоа Берлин да и ги достави информациите поврзани со Навални.

САМО ВИСТИНА: Во знак на „помирување“, Сашо Тасевски му подари памперс пелени на Ненад Јовановиќ

Тензично издание на вечерашната САМО ВИСТИНА, која започна со навреди од двете страни, пред се испоровоцирани од еден FB пост на Ненад Јовановиќ

Сашо Тасевски рафално ја напрадна власта особено обвинувајќи ја , како што кажа , за предавничките договори со Грција и особено со Бугарија.

Ненад Јовановиќ не му остануваше “должен“, се обиде да го побие со факти ека конечно по 30 години сме членки на НАТО и пред портите на ЕУ. Но тоа не беше доволно за Тасевски кој видно беше возбуден за последните случувања на македонската политичка сцена , па на неколку пати намерно Ненад , тривијално го нарекуваше Неџад, и најави дека наскоро на власта „ќе и се случи народ“.

На крај, во знак на „помирување“ му подари памперс пелени на соговорникот Ненад Јовановиќ, со убав детски дизајн на мече и желка

Повеќе од 4.000 новозаразени во Велика Британија

Бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија во последните 24 часе е зголемен за 4.368, пренесе агенцијата „Ројтерс“:

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата, Ковид-19 е потврден кај повеќе од 398.000 луѓе, додека од последиците на болеста починале близу 42.000 пациенти.

Велика Британија во текот на претходните неколку недели забележи значителен раст на бројот на новозаболени, таков како што последен пат имаше на почетокот на мај.

притисни ентер