Грипот продолжува да коси во земјава: Регистрирани 1000 заболени минатата недела

Еден пациент е во животно загрозувачка состојба поради компликации од грипот кој продолжува да ги полни болниците.

На Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се четиринаесет пациенти заболени од грип и компликации од кои најчесто е пневмонија. Досега кај 5 пациенти лабараториски е потврдено дека станува збор за грипот AH1/N1.

Од инфективна велат дека сите пациенти кои се носители на грипот во моментов се не вакцинирани и дека меѓу нив има и деца. Оттаму порачуваат дека вакцинацијата е најдобра превентивна мерка, но исто така порачуваат граѓаните посебно да внимаваат на хигиената.

Во лабараторијата на ИЈЗ, велат, пристигнати се 40 материјали за тестирање на од кои половина се позитивни на грип. Нивните тестирања кажуваат дека станува збор за три типа на вируси А/H1, A/H3 и типот Б.

Изминатава недела на државно ниво регистрирани се 1.100 заболени од грип или 90 проценти повеќе од седмицата пред тоа, податок што ги потврди очекувањата дека пикот на сеознскиот грип ќе биде во втората половина од јануари и почетокот на февруари..

Талат Џафери оствари средба со Ѓерѓ Дедај

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Н.Е. Ѓерѓ Дедај.

Претседателот Џафери изрази задоволство од добрите и конструктивни билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Косово, како и плодната меѓупарламентарна соработка. Како особено значајна тој ја оцени соработката во рамките на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, упатувајќи честитки за успешното заокружување на претседавањето на Собранието на Република Косово со овој значаен форум за политички и дипломатски дијалог. Тој се заложи за унапредување на економската соработка и инфраструктурното поврзување меѓу Македонија и Косово, нагласувајќи дека отворањето на новите гранични премини во голема мерка ќе ги олеснат бизнис иницијативите и комуникацијата меѓу граѓаните.

Амбасадорот Дедај упати честитки за демократски спроведените парламентарни избори и повторниот избор на Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. Оценувајќи дека земјава се движи во вистинската насока, тој изрази задоволство од соработката со институциите на Република Македонија и го поздрави историскиот напредок со членството во НАТО и охрабрувачките резултати за почеток на преговорите со ЕУ. Амбасадорот се осврна на состојбата во Косово и на Договорот за економска соработка меѓу Република Косово и Република Србија, потпишан во Вашингтон, кој го оцени како историски.

На средбата стана збор и за здравствените, економските и социјалните предизвици од пандемијата на Ковид-19, при што беше оценето дека е неопходна заедничка активност и соработка меѓу земјите од регионот за надминување на последиците од пандемијата, како и за изнаоѓање начин за олеснување и потполна либерализација на движењето на граѓаните меѓу државите.

Соговорниците се согласија дека заедничките стратешки цели и определби на Македонија и Косово даваат гаранција дека ќе продолжи праксата на негување на добрососедските односи и се заложија за натамошно унапредување на билатералната комуникација.

На крајот од средбата, претседателот Талат Џафери му посака успешен мандат на новиот генерален конзул на Република Косово во Република Македонија со седиште во Струга, Агим Красниќи, кој исто така присуствуваше на средбата, стои во соопштението од Собарнието на РМ.

Фото: Евакуирана Ајфеловата кула

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана, изјавил денес безбедносен извор за „Ројтерс“.

Изворот не потврдил дали евакуацијата следела поради закана од бомба, како што објавија некои медиуми.

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

притисни ентер