Цикарски ново засилување за Академија Пандев

 Поранешниот репрезентативец Мите Цикарски (27) е новото засилување за Академија Пандев, соопштија од клубот.

Со ангажирањето на Цикарски струмичкиот прволигаш се засилува на левата бековска позиција, а досега тој има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар и Работнички.

Покрај Цикарски во паузата од првенството Академја Пандев ги ангажираше Бугаринот Ангел Грнчаров, албанскиот напаѓач Ндуе Мујеци и Бојан Најденов, а за првпат професионални договори за првиот тим потпишаа и пет фудбалери од младинската школа на клубот.

ЕУ не воведува санкции за Белорусија

ЕУ може да воведе санкции само доколку нив ги поддржат сите 27 земји членки.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска не успеаја да договорат воведување на санкции поради репресијата во текот на протестите во Белорусија, наспроти молбите на лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја која престојува во Брисел.

Договорот на унијата за мерките против Белорусија го блокираше Кипар, кој е во добри односи со Русија, инсистирајќи на нужноста во истовреме да се воведат санкции за Турција поради посебниот спор околу гасот, јавува „Асошиејтед прес“.

Иако постои јасна волја за воведување на овие санкции, тоа денеска не беше возможно да се стори затоа што не беше постигната потребната согласност, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеф Борел, кој беше домаќин на овие разговори.

ЕУ може да воведе санкции само доколку нив ги поддржат сите 27 земји членки.

Кинеска ексклузива: Продолжена верзија од БМВ Серија 5

БМВ за потребите на кинескиот пазар претстави Серија 5 по подолго меѓуосовинско растојание.

Продолженото БМВ од Серија 5 е целосно во склад со долгогодишната традиција на германскиот премиоум произведувач, но и другите странски автомобилски компании, на купувачите во Кина да им нудат подолги верзии од своите лимузини во однос на стандардните модели кои ги продаваат на останатите светски пазари.

БМВ од Серија 5 за кинескиот пазар има 130мм подолго меѓуосовинско растојание од регуларниот модел кој се продава во Европа.

Тоа значи дека растојанието на осовините на овој автомобил изнесува дури 3.105 мм, со што значително е зголемен просторот меѓу предните и задните седишта.

Што се однесува до погонот на овој модел, БМВ објави дека на кинескиот пазар ќе понуди 535 плаг ин хибридна верзија.

Основниот погонски систем се сочинува од 4 цилиндарски 2.0 турбо-бензин мотор со 292 коњски сили, помогнат од електромотор со за сега непознати спецификации.

Не е познато кои погонски опции БМВ ќе ги продава во Кина, но се очекува тоа да бидат бензинците „525Li“ , „530Li“ и „530i M“.

БМВ Серија пет со продолжено меѓуосовинско растојание ќе има официјална премиера на Саемот за автомобили во Пекинг кој, по априлското одложување заради пандемијата, треба да започне на 26 септември.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно отфрлил одржување на вонреден конгрес

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш му изразил поддршка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, не била прифатена неговата иницијатива да се свика вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избира и новиот состав на ИК, кој ќе брои помалку членови од досегашниот.

притисни ентер