Годишна инвеститорска средба – Расте довербата за вложување во инвестициски фондови

Позитивните резултати од минатата година покажуваат потенцијал 2020 година да биде уште една успешна година за инвеститорите на македонскиот берзански пазар.

Особено што во последните години пазарот покажува стабилизација и резистентност на домашните политички случувања. На редовната годишна инвеститорска средба на Илирика фунд менаџмент од Скопје, која се одржа во Стопанската комора на Македонија, главниот извршен директор Коста Костадиновски потенцираше дека 2019 година за берзата била позитивна година, а тоа се одразило позитивно за клиентите и за Друштвото кое функционира на македонскиот пазар.

Друштвото за управување со фондови Илирика фунд менаџмент, како што соопштуваат, првпат од своето основање, го надминаа прагот од 20 милиони евра вкупни средства под управување, додека брокерското друштво е број 1 брокер на Македонската берза за 2019 година со пазарен удел од 25 отсто. Практично, за клиентите ова се одразува преку приносите на Илирика Југоисточна Европа кои во 2019 година изнесуваа 13 отсто, додека на Илирика Глобал – Растечки пазари достигнаа 19,44 отсто.

-Сите наши параметри укажуваат на позитивни услови за понатамошен раст на активностите. Средствата под управување во фондовите бележат пораст од 50 отсто во однос на состојбата од 2018 година, што е показател дека значајно се зголемува довербата во инвестициските фондови и довербата во нашата институција. И се разбира, расте и потребата од вакви производи во овој контекст на ниски каматни стапки, особено што на самиот почеток на годинава, НБРМ ја намали стапката и првпат во историјата, референтната каматна стапка е дваотсто. Има пораст и на средства под управување на услугата индивидуално управување со портфолио за сметка на клиент и кеш фонд од преку 50 отсто. Со што вкупните средства под управување, првпат од основањето на друштвото го надминаа прагот од 1,2 милијарди денари, односно 20 милиони евра. Најголем дел од овие средства се реализирани на македонскиот пазар, но кај клиентите расте довербата и во вложувања во светски познати компании, вели Костадиновски.

Според него, трендот на намалување на каматните стапки на Берзата се очекува да стимулира побарувачка и дефинитивно поголема ликвидност, а имајќи ја предвид длабината на македонскиот пазар, не е исклучително тоа да направи посериозни позитивни поместувања во ценовните нивоа.

-Економскиот раст треба да биде подобар од 2019 година. Генерално пазарот кај нас е атрактивен во смисла на добивки на компаниите кои котираат на берзата, односно дивидендните приноси, но и од аспект на трендот на намалување на каматните стапки на банкарските депозити и на државните хартии од вредност. Нормално кога ќе се надоврзат политичките случувања, во смисла на интегративните процеси за НАТО и ЕУ, сите сме во очекување на датум за преговори затоа што може да биде катализатор за економски пораст и евентуален пораст на цените на берзата. Веќе почетокот на 2020 година имаме и избори и тие носат определена неизвесност, но изминатите неколку години се виде дека домашните политички случувања немаат големо влијание. Берзата и бизнисот во изминатите години покажаа резистентност кон домашните политички потреси, додава Костадиновски.

Годишната инвеститорска средба на Илирика преминува во традиционално случување четврти пат, каде клиентите се информираат за потенцијалите на македонскиот берзански пазар, но и за глобалните случувања и импактот што може да го имаат врз приносите. /МИА.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

притисни ентер