Пензионери се преплашија од огромен питон (ФОТО)

Штитениците на  пензионерски дом во австралискиот град Намбура се преплашија од глетката што ја здогледаа на покривот на домот.

Од покривот на домот висеше огромен питон кој во устата држеше голем гуштер.

"Жителите на нашето соседство денеска беа прилично шокирани кога го најдоа овој дијамантски питон пред домот. Поради сушата, многу животни од блискиот национален парк бараа храна и вода, а оваа змија ги пронајде и двете", напишале со фотографијата објавена на нивната страница на Фејсбук.

притисни ентер