СОНК: Иницијативата на ректорите за формирање нов синдикат е скандалозна и противзаконска

 Иницијативата на ректорите на универзитетите за формирање нов синдикат на вработените на универзитетите е скандалозна, спротивна на Законот за работни односи .

Каде не се дозволува мешање на работодавачите во однос на организирање и дејствување на синдикатите, а скандалозна е и од аспект на меѓународните конвенции кои ги регулираат овие проблематики, оценуваат од Синдикатот на вработението во образованието и науката – СОНК.

Јаќим Неделков претседателот на СОНК на денешната прес – конференција, истакна дека тезата за потребата за формирање на ваков синдикат бил наводно за да може да се земе зголемувањето на платите во високото образование за 10 проценти, што СОНК, вели, со макотрпни преговори го договори со Министерството за образование и наука – МОН минатата година, е ноторна лага од аспкт што СОНК е единствен репрезентативен синдикат за дејноста образование, наука и култура. Тој го приложи и решението за репрезентативност на СОНК потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска во јануари лани, кој им дава полно право да преговараат и да договараат политки за зголемување плати во високото образование.

Според него, можни се неколку опции зошто тоа се прави, како оставање простор синдикатите да се занимаваат сами со себе одреден период, за да помине време до распишување избори кога по основ на закон не ќе можат да потпишат колективен договор на ниво на дејност, со што државата не ќе може да го исплати договореното зголемување од 10 отсто на платите во високото образование.

– Ги повикувам ректорите да прекинат со процедурата за формирање синдикални организации при универзитетите. Со самото нивно мешање во организирање и формирање синдкати прават кривично дело за кое постои веројатност да одговараат – тие или овластени од нив – деканите или генералните секретари. Второ би сакал да го повикам МОН веднаш да пристапи кон потпишување на колективниот договор за високо побразование и наука на гранско ниво. Со тој колективен договор ќе се опфатат сите факултети на национално ниво. Доколку е пресложен овој процес и времето е прекратко, тогаш ги повикувам ректорите на универзитетите да го повикаат СОНК како единствен репрезентативен синдикат во дејноста образование, вклучително и високо образование, да потпишеме колективен договор на ниво на работодавец, на ниво на установа. На тој начин би се надминала состојбата таква кавка што тие ја предвидуваат дека доколку не се потпише колективен договор на ниво на работодавец односно со ректорите ќе нема зголемување од 10 оттсо на платите, рече Неделков.

Тој изрази стравување од злоупотребување и манипулација на колегите вработени во виското образование да не го добијат тоа што е договорено. Побарале и очекуваат став од министерот за образование, кој во моментов е на службено патување надвор од земјата. Најавија и дека ќе се пожалат до меѓународните организации.

И Независниот академски синдикат (НАкС) вчера реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на вработените во високото образование, како што од нив побарал министерот за образование и наука на состанок, со цел новоформираниот синдикат да потпише колективен договор со што ќе се овозможи вработените на државните универзитети да добијат 10 проценти повисоки плати од јануари.

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

притисни ентер