Позната е цената на првиот сериски автомобил на сончева енергија (ВИДЕО)

Две години по првите најави и околу половина година по премиерата, холандската компанија Lightyear го донесе годинава својот модел на саемот CES и му го препушти на судот на јавноста.

Она што го прави Lightyear One посебен се соларните панели на покривот на автомобилот. Површините се околу пет квадратни метри, а во сончеви денови можат да соберат енергија за дострел на возење од 70 км.

Звучи одлично, и секако дел од заслугата оди на одличната аеродинамика. Коефициентот на отпорност на воздухот е 0,20.

Овој автомобил не е како сончевите автомобили на кои сме навикнати. Тој нуди целосна удобност и е целосно легален за употреба на патиштата. Се напојува со четири електрични мотори во тркалата , кој нуди опсег до 725 км благодарение на своите батерии од 60 kWh. Компатибилноста на полначот значи 570 км дострел за едно полнење. Перформансите не се во прв план, така што овој електричен автомобил може да достигне 100 км на час за 10 секунди.

Она што сигурно не е добро е цената. Lightyear One излегува на продажба на европскиот пазар во 2021 година, со почетна цена од 119,000 евра. Станува збор за комплетно опремен седан во должина од над пет метри кој нуди простор за багаж од 780 литри и целосна компатибилност со современите технологии.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер