Новите работни места ќе бидат создадени пред планираното отворање на новата канцеларија во Лондон во 2021 година, со што вкупниот број на вработени на „Фејсбук“ на Островот ќе достигне до 4.000.
Директорот за бизнис на „Фејсбук“, Шерил Сенберг, официјално ќе го објави ангажирањето дополнителни работници пред да замине за Давос на Светскиот економски форум (СЕФ).
Во главниот град на Велика Британија се наоѓа најголемиот инженерски центар на Фејсбук надвор од САД.
Според извештаите, повеќе од половината од новите работни места ќе бидат фокусирани на технологијата, вклучувајќи софтверско инженерство, дизајн на производи и наука за податоци.
Новите работници исто така ќе развиваат апликации за WhatsApp и Workplace.
Некои нови вработени би можеле да бидат ангажирани од тимот на „Интегритет на заедницата“ на Фејсбук, кој произведува алатки за откривање и отстранување на штетни содржини на платформите како што се Messenger, Instagram и WhatsApp.
Продолжувањето на тој тим се совпадна со напорите на Фејсбук да ја врати довербата на корисниците по скандалот со ,,Кембриџ aналитика’.
Компанијата се најде под критики во 2018 година, откако беше откриено дека британската политичка консултантска фирма „Кембриџ аналитика“ добила пристап до податоците на 87 милиони корисници без нивна согласност.
Во јули истата година, Федералната комисија за трговија на САД одреди казна од 5 милијарди американски долари на „Фејсбук“, бидејќи не успеал да ги заштити податоците за корисниците и за кршење на правно обврзувачкиот договор со американската влада за заштита на приватноста.