Анџелина Џоли е се послаба

Таа со години ја носеше титулата најубава жена на светот.

Оскаровкците и поранешни сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит со година водат битка за старателството над децата, што влијаеше и врз нивното здравје, посебно кај Анџелина,

Џоли со години ја носеше титулата на најзгодна жена на светот, а сега актерката е се послаба.

-Анџелина има едвај 45 килограми. За тоа е виновна расправијата околу старателството на децата. Таа пори стес има проблеми со апетотот заради што губи килограми, рекол извор близок до актерката за британски „Мирор“.

Наводно, Анџелина живее само на овошје, малку протеини и големи количини кофеин за да ја одржи енергијата.

Според британските медиуми, актерката сака да го напушти Холивуд и заедно со децата да се оттргне од медиумите, но наводно Бред тоа не го дозволува.

Наводно актерката веќе се обидела да се пресели со децата во Европа но поранешниот сопруг ја спречил затоа што така тој не би поминувал доволно време со децата.

Уличната мода во Милано ја изненади јавноста: Дали ова е нов тренд? (видео)

Градот што некогаш важеше за инспирација на дизајнерите преплавен со невкус и немарност.

Модата во европските градови се следи со децении, а италијанскиот град Милано отсекогаш се сметал за нејзина престолнина. Сведоштвата на многумина кои некогаш го посетиле овој град најчесто беа позитивни и откриваа убаво облечени жени и мажи што шетаат по улиците.

Сепак, едно видео на социјалните мрежи покажа дека работите се менуваат, дека не е сè како што се чини, а тоа во најмала рака ги изненади луѓето. Иако сите мислат дека во Милано шетаат средени и дотерани луѓе, оваа снимка покажува дека, или луѓето имале погрешна слика за престолнината на модата или таа се променила со текот на времето и со доаѓањето на новите генерации и трендови.

На видеото може да се видат млади луѓе како се шетаат во безлична и неугледна облека. И не само тоа, туку и комбинираат неспоиви стилови, па носат бермуди со бели чорапи и мокасини. Исти такви чорапи се забележани и кај една девојка која ги комбинирала со фустан и високи потпетици, додека еден маж шета со речиси женска свилена кошула. Некои комбинирале зимска облека со летна, која изгледа како да ја собрале од контејнер, но сепак се сретнуваат и убави и позитивни примери на складно и елегантно облечени вљубеници во модата.

Дека уметничкиот израз е присутен меѓу луѓето во овој град, покажуваат и девојките кои преку ден носат вратоврска во комбинација со полежерна кошула, а притоа не изгледаат деловно. Додека некои носат фармерки со разни платнени додатоци, кои попрво би ги виделе во циркус отколку на улица. Сепак, некои останале доследни на својот стил и нешто што е класично, па не погрешиле при изборот на облека. Од друга страна, оние што носат необични парчиња облека и форсираат позапуштен изглед, посакуваат доза на екстравагантност и лежерност. Многу корисници на мрежата ова го дочекале со чудење, додека некои го бранеа ваквиот стил.

- Сè додека им е удобно така, не е важно. Модата е забавна и слободна.

- Луѓето прават сè за да изгледа како бездомници.

- Ниту еден од овие луѓе не изгледа добро. Сè им прилега лошо.

- Ова, демек, треба да биде мода... Луѓето немаат поим од мода, ова е само неуредност...

- Ужас! Сите се обидуваат да изгледаат лошо денес?

- Фала му на Бога што не живеам во Милано - беа дел од коментарите.

Многумина рекле дека овие шетачи секако се обидуваат да бидат автентични и креативни, но дека тоа не им успеало. Некои прокоментирале дека ова потсетува на модата од 90-тите, но изгледа многу поевтино. Има и коментари во кои е наведено дека вакви ситуации не се сретнуваат само во Милано, туку невешто облечени луѓе гледаме секојдневно, а тоа сигурно не може да биде мода. Со оглед на тоа што Милано е центар на модата и културата, многумина се согласиле дека вака Милано сигурно не испраќа добра слика и дека луѓето би требало малку повеќе да се погрижат со својот изглед.

Извор: srecna.republika.rs

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

притисни ентер