Најмалку четири жртви во силното невреме во Шпанија (ВИДЕО)

Силното невреме  ,,Глорија”  го зафати поголемиот дел од источна Шпанија, а властите соопштија дека досега се забалежани четири смртни случаи.

Маж починал вчера во неговиот дом во шпанската провинција Авила, откако бил погоден од кровна плоча, што паднала поради невреме. Бездомник замрзнал во близина на Валенсија, маж загинал во сообраќајна несреќа среде снежна бура во регионот Астуриас, а друг маж е пронајден мртов пред неговиот дом во градот Моиксенте со знаци на хипотермија.

Шпанските метеоролози најавија ветришта со брзина до 115 км на час и огромни бранови на брегот на Средоземното Море, објави Би-Би-Си.

Невремето ,,Глорија” пристигна денеска во регионот Пиринеј-Ориенталс, најјужниот медитерански регион на Франција, познат и како Северна Каталонија. Десетици дополнителни полицајци и пожарникари се распоредени низ целата област. Како претпазливост, автопатот А9 од француската страна на границата е затворен.

Глорија е најголемото невреме што го погоди овој регион од декември 1982 година.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер