Законот за ЈО, „билет" за ЕУ, денеска обиди за продолжување на дијалогот

Додека се ближи денот на распуштање на Собранието, се поинтензивни се изјавите за и против донесување на Законот за јавното обвинителство.

Во текот на денешниот ден е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот.

Од опозициската партија, иако ја потврдија средбата, нагласуваат дека тоа не значи дека ќе има договор со власта за законот. Тие упатуваат на изјавата на лидерот на партијата Христијан Мицкоски од неделата во која тој вели дека „она што е предложено од СДСМ е закон што треба во иднина да ги штити криминалните структури на СДСМ што после 12 април ќе заминат во опозиција".

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека низ разговори би можело да дојде до приближување на ставовите, но доколку има отстапки од владејачката партија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, на последната прес-конференција кажа дека се работи за структурен системски закон што се носи со двотретинско мнозинство, и како што рече, „во време и амбиент кога предметите од СЈО се осигурани, тие се во судски процес под надлежност на републичкиот јавен обвинител и тоа создава обврска на сите политички чинители да продолжат да разговараат и да го изнајдат решението кое е најдобро за граѓаните и секако во функција на укажувањето на Венецијанската комисија, Европската делегација и Европската комисија".

Заев потврди дека ќе разговара со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство и изрази уверување дека може да се донесе ова законско решение.

Во однос на забелешките на Мицкоски и до каде СДСМ е подготвен да направи компромис, Заев рече оти очекува тие да гласаат и да го поддржат законот. Претседателот на СДСМ, додаде дека ќе биде среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, односно тие да се придружат и да го олеснат патот до неговото донесување.

– Ние сме подготвени да одиме се дотаму додека тоа е дозволено согласно нашиот правосуден систем и рамката што ја носи Европската Унија, а тоа значи политичарите да не бираат обвинители, тоа значи дека не смееме да дозволиме одредени критериуми заради желба на политички партии дали се од власта или од опозиција да ги надминат црвените линии дозволени со европската регулатива. Тие законски решенија се дел од пакетот судски реформи, но и се дел на она што значи адаптирање на Македонија со европската легислатива во областа правосудство, истакна Заев.

Исто така Заев, изјави дека доколку е потребно за ова да се разговара и на лидерска средба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за законот за јавно обвинителство, пак, вчера рече дека треба да произлезе од европски, реформски закон, претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба, а не само „ради реда".

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вчера одговарајќи на новинарско прашање дали го разгледале новиот предлог закон од СДСМ, и дали се подготвени да ја понесат одговорноста доколку повторно се блокира законот кој што е клучен за почнување на преговорите со ЕУ, изјави дека експертскиот тим ќе ги потенцира сите забелешки на се она што е содржано во законот. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, ќе остави можност да се сретнат претставници од двете партии и да разговараат за сите работи во законот, а потоа ќе организираат посебна прес конференција.

-ВМРО-ДПМНЕ не може да биде, да превзема одговорност за тоа што Заев сака да го направи за политички и свои цели. Да бидеме јасни. Заев сака да си направи повторно свој закон каде што повторно ќе може да гони пратеници и да биде еден вид на деспот во Република Македонија. Тоа не може така. Ако збориме за реформи, ако навистина и господинот Заев и сите околу него сакаат европски закони, тогаш дајте навистина да направиме реформски закон, кој што сите ќе го почитуваме и ќе имаме успешна реформа во Република Македонија", изјави Мисајловски.

Актуелизирањето на прашањето за законот за ЈО следува по минатодонеделната посета на еврокомесарот Оливер Вархеи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе новиот закон за ЈО, што било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата./МИА

Словенија: Покрај изборите за ЕП на 9 јуни, можно е да се одржат и три референдум

Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми.

Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија (СДС) и Нова Словенија (НСи) се против.

В петок матичните комисии на Државниот збор ќе подготват уредби за распишување три советодавни референдуми, иако коалицијата се уште не се договорила за датумот на нивното спроведување. Во Движењето за слобода бараат референдуми да се одржат на денот на европските избори.

По процедуралните компликации на вонредната седница на Парламентот во средата, претставниците сепак ги прифатија предлозите за распишување три советодавни референдуми.

Така, гласачите ќе го кажат својот збор на референдумите за регулирање на правото на помош при доброволно завршување на животот, за воведување преференцијално гласање на изборите за Државниот збор и за одгледување, преработка и употреба на канабис.

Датумот на нивното спроведување сè уште не е целосно дефиниран, кој се носи заедно со уредбата за распишување референдум. Иако датумот се уште не е договорен ниту во коалицијата, претставниците веќе в петок во матичните работни тела ќе почнат да ги подготвуваат одлуките за распишување на сите три референдуми.

Во работните материјали за состаноците на матичните комисии на 6 мај се посочува на предлозите за одлуки за распишување на советодавнен референдум и датумот на распишување на референдумот, од кој почнуваат да течат роковите за негово спроведување, а недела, 9 јуни, како ден на гласање./МИА

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

притисни ентер