На христијанска свеченост во Етиопија загинаа најмалку тројца верници (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа во Етиопија откако падна дрвена трибина за време на христијански празник, јави Би-Би-Си.

Повредени се уште десетици луѓе, а според некои извештаи десетмина загинале.

Штандот се распадна во Гондар за време на фестивалот „Тимкат“ што го слави раѓањето на Исус . Етиопската новинска агенција објави дека повеќе од 15.000 странци присуствувале на прославата.

Самуел Бахру, кој дојде во Гондар од Адис Абаба за фестивалот „Тимкат“, изјави дека гледал како телата се изнесуваат на носилки.

„Слушнавме силна врева“,рече Бахер, додавајќи дека првично се испаничил затоа што неговата сопруга била во близина, но наскоро ја нашол.

Тесфа Меконен, шефот на службата за безбедност на градот Гондар, рече дека падот не е резултат на лошата градба и платформата била дизајнирана од професионалци. Тој додаде дека многу млади луѓе сакале да присуствуваат на свеченостите и дека се искачиле на подиумот.

„Имаше премногу луѓе и тие го преоптоварија штандот“, рече тој.

И покрај несреќата, прославата продолжи.

Етиопија е инаку позната по своите христијански фестивали, кои привлекуваат туристи и верници, како и атеисти од целиот свет.

притисни ентер