Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јапонците имаат лек, што значително го намалува времето на опоравување од ковид-19

Јапонската компанија „Фуџифилм“ денеска објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен против тежок грип, обезбедил „статистички значајно“ намалување на времето за опоравување на пациентите со ковид-19.

Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување III. фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето било 11,9 дена за лекуваните со Авиган и 14,7 дена за оние кои се лекувале со плацебо, се вели во соопштението на компанијата.

Крајот на опоравувањето бил утврден кога коронавирусот повеќе не бил откриен со PCR тестови и други симптоми како што се треска биле ублажени или исчезнати.

Клиничкото тестирање било насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со ковид-19.

Клиничките испитувања спроведени од март, а сега завршени, не откриваат никакви нови опасности по здравјето поврзани со земање Авиган, прецизира Фуџифилм.

Компанијата сега ќе изврши „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да достави апликација за комерцијално одобрување на лекот против ковид-19 во Јапонија.

Авиган (фавипиравир) е дозволен од 2014 година во Јапонија, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни.

Avigan е контраиндициран за бремените жени, бидејќи тестовите врз животни покажале дека влијае на развојот на фетусот.

Јапонската влада очекува многу од овој лек и побара од Фуџифилм да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побарале.

Уште во мај, Јапонија го одобри лекот Веклури (ремдесивир) на американскиот Гилеад и обезбеди стотици милиони дози на разни вакцини против ковид-19.

Лукашенко ненадејно положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно положи заклетва за нов претседателски мандат, без најава, според државната новинска агенција Белта.

Церемонијата на заклетвата, која што била најавувана како голем настан во претходните мандати, се одржа по контроверзните резултати од изборите на 9 август.

Белта наведува дека Лукашенко ја положил десната рака на копијата на Уставот и дека положил заклетва, додека неколку стотици луѓе присуствувале на церемонијата.

Белорусија може да се соочи со санкции од Европската унија и САД, поради спорните избори и остриот одговор на безбедносниот систем на протестите.

Истражителот на ООН за човекови права, Анаис Марин, минатата недела рече дека повеќе од 10.000 лица се уапсени по изборите, додека има повеќе од 500 пријави за тортура.

Лукашенко, кој владее со Белорусија со цврста рака од 1994 година, тврди дека победил со 80 проценти од гласовите, додека опозицијата тврди дека изборите биле украдени и дека победила Светлана Тихановскаја.

Од објавувањето на изборните резултати, илјадници Белоруси протестираат против владата на Александар Лукашенко, кој уапси неколку големи ривали пред изборите, додека повеќето преостанати лидери на опозицијата беа уапсени или принудени да ја напуштат земјата по изборите.

Светлана Тихановскаја, шеф на опозицискиот координативен совет, е во егзил во Литванија.

Голема рација во Германија прoтив вработувања со лажни документи во месната индустрија

Повеќе од 800 полицајци денеска извршија рации во 60 згради и домови во пет држави. 

Оваа огромна координирана рација е извршена како дел од истрагата за криумчарење странци кои работат во германската индустрија за пакување месо, пренесува „Политико“.

Aкцијата, рече полицијата, била насочена кон „структура изградена од неколку агенции за привремено вработување“. Се проценува дека најмалку 82 лица биле прошверцувани во Германија на овој начин во последните шест месеци.

Во полициското соопштение се вели дека се идентификувани повеќе од 20 лица осомничени дека работеле незаконски со помош на фалсификувани документи, од кои некои лажно се претставувале како студенти.

Шефот на полицијата Роми Теве рече дека употребата на фалсификувани документи е „широко распространета“ во централна Германија, при што странските работници се „сурово експлоатирани“.

„Федералната полиција и судските органи на Саксонија преземаат решителни мерки против ова“, додаде Tевe.

Истрагата се фокусира на 10 осомничени на возраст од 41 до 56 години. Тоа се Полјаци, Германци и Украинци, објави полицијата.

Условите во германската месна индустрија го привлече вниманието на јавноста во јуни, кога беше откриено дека во една ваква фабрика во Гутерсло има заразено повеќе од 1.500 работници со коронавирус, што, пак, резултираше со карантин на локално ниво.

Затоа, од 1 јануари следната година, ќе стапи на сила нов закон со кој построго се регулираат безбедносните и здравствените услови во индустријата за преработка и пакување месо, објави „Политико“.

притисни ентер