Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

притисни ентер