Стоилковски: Има ли обвинителство во Македонија?

Има ли обвинителство во Македонија, Ќе излезе ли конечно од прегратките на Зоран Заев и ќе одлучува ли за насилството и беззаконието на власта?

Истите ликови од СДСМ - Љупчо Николовски, Костадин Костадинов, Дамјан Манчевски и други кои што ронат крокодилски солзи за работата на Цветан Трипуновски затоа што ги штити земјоделците. Истите тие ќе реагираат ли за тепањето од Курто Дудуш, шверцот на Боро Малборо, за заканите од градоначалникот Марјанчо Стојчев во Демир Хисар?

Дудуш, тепачот од Шуто Оризари, Марјанче Стојановски од Демир Хисар кој што се заканува со прислушување, Боро Малборо Стојчев од Ново Село шверцерот на цигари, се луѓе - огледало на Зоран Заев огледало на СДСМ, огледало на шерифлукот на Заев и СДСМ.

Во неполни три години: Прво нема ниту обвинение за тешки закани од градоначалникот од Демир Хисар кон граѓаните, за што има и снимка. Следеше пресуда на само 6 месеци за прекуграничен шверц вршен од семејството и лично од градоначалникот на Ново Село, а во акцијата за апсење беше пукано кон полицијата. Сега Курто Дудуш за тепање и малтретирање сограѓанин, но и по снимки за киднапирање и изживување на сограѓанин, минува со судска опомена!

Ниту еден од овие градоначалници на СДСМ и на Зоран Заев не е соодветно санкциониран, за ниеден нема соодветна казна од судството на Зоран Заев и на СДСМ.

Курто Дудуш за тепање сограѓанин од судот излезе со опомена, Стојановски од Демир Хисар нема ни обвинение, Боро Малборо по апсење во кое е пукано кон полиција доби само 6 месеци за да остане градоначалник!

Тие сега треба да служат како примери за другите градоначалници на Заев и на СДСМ, примери поведени од криминогената централна власт на Заев и на СДСМ, примери кои испраќаат порака за политичка, полициска и судска заштита од Заев и СДСМ.

Тоа е реформираното Луј Витон судство отворено како пупка на Зоран Заев и на СДСМ, тоа се европските вредности разбрани од Заев и од СДСМ.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ - никогаш повеќе.

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер