Два земјотреси во Албанија, почувствувани и во Македонија

Два земјотреси едниот со јачина од 3,5 степени по Рихтер и втор со јачина од 4,6 степени попладнево ја погодија Албанија.

После првиот земјотрес од 4,5 степени со епицентар во источна Албанија, непосредно на границата со Македонија, се случи вториот  со епицентар на само неколку километри од првиот. И двата земјотреса беа почувствувани во Македонија, особено во северните и западните делови, а беа регистрирани и од сеизмолошките мерни станици во Охрид,па дури  и во Валандово.

притисни ентер