Светската награда за хуманизам за 2020 врачена на академик Георги Старделов

Во предвечерието на големиот христијански празник Богојавление вечерва во Охрид врачена годинешната 14-та по ред Светска награда за хуманизам, за прв пат на македонски лауреат, академик проф. Георги Старделов.

На пригодната свеченост во Куќата на Уранија пред присутните за годинешниот добитник беседа одржа претседателот на Комисијата за доделување на наградата, амбасадор Јордан Плевнеш. То истакна дека преку Светската награда на хуманизмот секој 18 јануари наспроти Богојавление се пренесува идејата за првата Школа на хуманизмот во Средновековна Европа, создадена од Свети Климент и Свети Наум учениците на светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитници на Европа 11 века после нивната смрт.

– Академик Старделов станува првиот добитник на Светската награда за хуманизам од Македонија, како автор кој припаѓа на врвот на светската цивилизација, оттаму што кога тој ќе ја изговори парадигмата „Велт шмерц", и македонскиот станува дел од светскиот бол. Кога Вие ќе изговорите светска филозофија, Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка, кога ќе речете светска историја го одредувате местото на Македонија…Вашата трајна база се светите Климент и Наум, Света Софија, климентовиот и наумовиот манастир, Курбиново, Бгомилите, народното творештво со сите негов форми и се она што го создал македонскиот творечки дух, рече меѓу другото амбасадорот Плевнеш.

Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој рече дека на вечерта кога сме најблиску до Бога, Охрид со чиста љубов и мисла се поклонува пред делото на академик Старделов, кој со своите величенствени троречки достигнувања успеа да ја извиши оваа земја Македонија до највисоките културни меридијани.

– Старделов е автор со импозантен опус дела од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавени на многу јазици на сите пет континенти, рече тој заблагодарувајќи се на Академијата на хуманизмот што преку организирањето на оваа величенствена манифестација се активира генетскиот код и колективната меморија на првата Средновековна Школа на хуманизмот на Светите Кирил и Методиј.

Лауреатот Старделов своето обраќање пред присустните посочи на предизвикот со кој се соочува човекот во денешницата, дека по Хирошима се одвива големата ако не и најголемата глобална криза, што ги загрозува сите облици на животот како таков.

– Веќе нема на земјата такво забрането овошје и зелена фиданка која човекот на се обидел да ја скине или оскврнави. Со тоа стана јасно дека се е од и до човекот. Затоа и решението треба да се бара во надминувањето на стариот, излетениот дури и лицемерен хуманизм, со еден нов охридски, со еден животворен природен хуманизам кој ќе го надвладее времето на изгубената човекова блискост со природата и луѓето, време во кое ќе може да се дојде до неминовно освествување на човекот, својот опстој на планетата Земја да го здружи со природата во едно неразлачно единство и со нова надеж љубов и взаемна искрена почит, рече Старделов.

На свеченоста беше прочитана и пораката како и поемата што за годинешниот лауреат ја напиша и испрати Жан-Патрик Конрад, професор на „Ројал колеџ" од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Во рамки на годинешните чествувања на хуманизмот, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам" што ќе биде свечено поставено на плоштадот „Долна Порта".

Фото: Јелена Карлеуша во провокативен фустан на роденденот на Наташа Беквалац

Јелена Карлеуша го почитувала кодексот на облекување па дошла облечена во бела боја.

Пејачката Наташа Беквалац синоќа го прослави својот 40ти роденден на својот имот, каде освен нејзиното семејство и пријателите, на нејзината веселба присуствуваа и колегите од естрадата.

Јелена Карлеуша и беше гостинка на Наташа, а на роденденот пристигна во многу провокативно изјадание.

Јелена Карлеуша го почитувала кодексот на облекување па дошла облечена во бела боја. Поточно во фустан кој привлекува многу внимание.

Британија: И понатаму повеќе од 6.000 заразени на дневно ниво

Во Велика Британија се забележани 6.042 нови случаи на Ковид-19, од чии последици починале 34 лица.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле 429.277 луѓе, додека од последиците на заразата до сега починале 41.971 пациент, пишува „Гардијан“.

Во петок во Велика Британија е пријавен нов рекорден број на заразени во еден ден- 6.874, додека претходниот рекорд е забележан во четврток, кога коронавирус е потврден кај 6.643 лица.

Бела ноќ по 16-ти пат се одржува во Скопје

Културната манифестација бела ноќ, која веќе прерасна во традиција, по 16-ти пат, денеска  се одржува во Скопје.

Централниот настан скопските евергрини вечерва е пред спортскиот центар Борис Трајковски каде настапуваат повеќе естрадни уметници.

Влезниците за „скопските евергрини“ пред СРЦ Борис Трајковски и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни.

Со почитување на мерките и препораките на министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од белата ноќ денеска почнаа од 19:00 часот и ќе траат до полноќ, а и работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за минатите -бели ноќи.

притисни ентер