Шилегов на ФБ: Тргнати се фундаментите за панорамското тркало

Градоначалникот на Град Скопје на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека се отстранети фундаментите од панорамското тркало на мостот на реката Вардар.

„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар чисто и проточно,“напиша Шилегов на ФБ.

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата „Рекет"

​Зоран Заев е главата на криминалниот октопод.

Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот.

Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет". Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?

Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет". Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.

Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13.

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви.

Ваквата спрега не смее да го држи во грч правосудниот систем во Македонија. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

11 лица се убиени, во две пукотници во Ханау во близина на Франкфурт

Германската полиција соопшти дека 11 луѓе биле убиени, а неколкумина други ранети во две пукотници во Ханау во близина на Франкфурт.

Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот е германски државјанин кој имал дозвола за носење оружје, при што во неговиот автомобил била пронајдена дополнителна муниција.

Првиот напад се случи околу 22 часот во наргиле бар во центарот на градот, што се наоѓа 25 километри источно од Франкфурт, а вториот во бар во предградието Кеселштат. Гостите во двата бара главно биле Курди.

По неколкучасовна потрага која вклучи и хеликоптер, полицијата во пет часот наутро упаднала во домот на осомничениот напаѓач, каде што тој бил пронајден мртов, заедно со уште едно лице. Идентитетот на напаѓачот засега не е објавен.

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата по 12 април, кога ќе ја предводиме новата Влада

​Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија.

Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина.

Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмуца – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница.

Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка.

Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата подеднакво.

По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова. По 12-ти април повеќе за секого.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер