Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. 

Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент за застапување на Република Македонија, пред ЕСЧП, Даница Џонова, за МИА изјави дека, освен за овие предмети, не може да даде други информации дали постојат во Стразбур други апликации на оваа тема. Според Џонова, владиниот агент, преку него и државата прв пат дознава за поднесени апликации тогаш кога тие ќе бидат доставени на одговор.

– Од моментот на нивно поднесување до моментот на нивно доставување одговор за државата може да поминат години", појаснува Џонова.

Во однос на пресудите на ЕСЧП, таа додава дека вкупниот износ на обесштетување од шесте досегашни пресуди изнесува 32.400 евра".

Моментално пред ЕСЧП, како што истакна Џонова, во тек се постапките за предметите за лицата Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски.

Инаку, прва пресуда на ЕСЧП, против процесот на лустрација во Македонија, беше за поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, објавена во јануари 2016, односно оваа одлука стана правосилна во април истата година.

Потоа следеше пресудата за Петар Карајанов, во 2017 година. Во следната 2018 година, ЕСЧП објави две пресуди за Исак Ајрули и Никола Костурски. Последните пресуди против процесот на лустрација од страна на ЕСЧП беа објавени во 2019 година, односно во септември беа објавени одлуките за Драги Билески и во ноември за поранешниот пратеник на ПДП, Сефедин Харуни.

Ивановски: Она што кај нас се спроведе не беше лустрација, туку кастрација на здравиот разум

Поранешниот судија на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, одговарајќи за МИА на прашање дали со донесување на Законот за поништување на лустрацијата ќе се исправи неправдата кон него и другите лустрирани лица, изјави дека единствено што остана од тој процес се последиците. Според него, иницијативата за донесување на Законот за поништување на лустрацијата беше еден несериозен обид.

– Пред избори тоа е сериозно прашање. Треба да се има една политичка клима, волја за да им да даде извинување на овие луѓе, кои беа жртва на овој процес на лустрација, каде што нивните права беа погазени. Донесувањето на овој закон е неопходност, обврска. Став на Европската Унија и на сите други меѓународни организации, Стејт департманот и целата наша јавност беше дека овој процес беше забеган процес, овој процес што се спроведе не беше лустрација, туку беше за кастрација на здравиот разум, изјави Ивановски.

Тој меѓу друго рече дека самиот процес доколку биде поништен на некој начин ќе значи задоволување на правдата. Меѓутоа, Ивановски, нагласува дека без одговорност на Комисијата за лустрација, или пак на другите органи, без утврдување на нивна вина, само едно извинување од страна на државата, (иако е корисно) нема да ги задоволи сите барања на овие луѓе што се онеправдани.

Владата на Република Македонија на редовна 172 седница, одржана на 24 декември 2019, го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

Последните настани во Комисијата за политички систем не најавуваат дека овој закон ќе се донесе пред 12 февруари, кога е предвидено да се распушти Собранието. Предлог-законот беше на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односите меѓу заедниците, но поради немање кворум и неприсуство на пратеници од ДУИ, од Демократската партија на Турците (ДПТ) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ седницата беше одложена.

За шестгодишното работење, Комисијата за лустрација прогласи за кодоши околу 200 лица, а речиси половина од нив беа починати. Таа беше формирана во 2009 година, а беше укината на 1 септември 2015 година.

Да се бара одговорност и за Комисијата за спроведување на лустрација

Граѓанскиот сектор од областа на правосудството и човековите права е со став дека освен поништување на правните последици и обесштетување не неправедно лустрираните лица, во Законот за поништување на лустрација треба да се предвиди и одговорност на Комисијата за спроведување а лустрацијата. Одговарајќи на прашање на МИА, од Блупринт Групата, изјавија дека за неправилната спроведена лустрацијата од страна на Комисијата, треба да се предвидат и некакви последици.

– Многу од лустрираните нема само лични тажни приказни, но и нивните фамилии беа нарекувани со разни имиња. Освен на уставниот судија што му престана функцијата, на другите не. Етикирањето дека некој е кодош во нашето општество донесе многу негативни последици. Не само за самите луѓе, туку и за нивните семејства, тие треба да се обесштетат не само материјално, туку и нематеријално. Не гледаме каква било пречка Јавно обвинителство да разгледа дали имало злоупотреба и нешто да преземе во оваа насока. Без разлика што Комисијата не постои веќе, се знае кој беа членови на таа комисија. Посебно што и Управен суд ги има вратено дел од предметите како несоодветни постапки спроведени, истакна од Блуепринт Групата.

Дополнително во брифингот со новинари од Блуепринт Групата, потенцираа дека во сите решенија на лустрација каде луѓето се прогласени за соработници, во ниту едно од тие Комисијата нема утврдено дека некој од тие лица направиле големо прекршување на човекови права. Според нив целиот процес на лустрација е без целен.

Инаку, освен ЕСЧП, и Управниот и Више Управниот Суд во земјава донесе одлуки за 70-80 предмети од лустрацијата, кој се вратени на од почеток. Но овие случаи повторно не се разгледани затоа што Комисијата за утврдување на факти, е распуштена во 2017 година./МИА

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер