Во 2019 година имало 10,48 раѓања на илјада жители, најмалку од 1949 година, соопшти кинеското биро за статистика. Бројот на деца родени во 2019 година опадна за 580 илјади и изнесува 14,65 милиони.
Стапката на наталитет на Кина опаѓа со години, што е предизвик за втората по големина економија во светот.
Но, со помалку раѓања, смртноста е исто така помала, па кинеското население порасна на 1,4 милијарди луѓе минатата година.
Намалениот број на раѓања предизвикува загриженост за „демографската бомба“ затоа што намалениот број на работоспособни луѓе ќе мора да поддржи поголем број пензионери.
Стапката на наталитет на Кина е помала од стапката на наталитет на САД во 2017 година, кога последен пат е забележана, со 12 раѓања на илјада луѓе. Според Светска банка, во 2017 година глобалната стапка била 18,65 раѓања на илјада.
Во 1979 година, кинеската влада воведе политика на едно дете за спречување на растот на населението. Повреда на законот се казна за семејствата, со губење работа или со принуда жената да има абортус.
Но, мерката предизвика голема нерамнотежа на половите, па денес во Кина има 30 милиони повеќе мажи отколку жени. Во 2015 година, сепак, Пекинг им овозможи на семејствата да имаат две деца, но тоа не ја зголеми стапката на наталитет, објави Би-Би-Си.
Економијата на Кина порасна за 6,1 процент во 2019 година, што е најспоро во речиси 30 години, под притисок од трговската војна со САД, покажаа официјалните податоци.
И покрај тоа што ланскиот раст бил побавен отколку во 2018 година, кога активностите пораснаа за 6,6 проценти, тој сепак останал во рамките на целниот опсег на Владата од шест до 6,5 проценти, соопшти Бирото за статистика.