Бразилскиот министер за култура во својот говор го цитирал нацистичкиот шеф на пропагандата на Хитлер

Бразилскиот министер за култура е сменет откако цитирал делови од говорот на нацистичкиот шеф на пропагандата Јозеф Гебелс, објави Би-Би-Си.

Министерот за култура Роберто Алвим зборувашл за наградите за култура како за „херојска“ и „национална“ уметност во видеото што го објавил на Твитер.

Во позадина се слушала операта Лохрин од  Ричард Вагнер, омилениот композитор на Хитлер.

Претходно, Алвим рече дека видеото е веќе избришано, и дека  во него имало „реторичка случајност“.

Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро го опиша неговиот говор како „несреќен“.

„Повторно потврдувам дека ние ги отфрламе тоталитарните и геноцидните идеологии, како што се нацизмот и комунизмот, и каква било припадност кон нив. Ја изразуваме нашата целосна и неограничена поддршка за еврејската заедница со која сме пријатели и споделуваме многу заеднички вредности“, објави претседателот на Твитер.

„Бразилската уметност ќе биде херојска и национална во наредната деценија, поддржана од силната емотивна приврзаност и длабока поврзана со запалените аспирации на нашиот народ, или нема да вреди ништо“, рекол Алвим во шестминутното видео во кое зборувал за Националните награди за уметност.

Делови од говорот биле идентични со говорот цитиран во книгата „Jозеф Гебелс: биографија“ на германскиот историчар Питер Лонгич, кој напишал неколку трудови за холокаустот.

Гебелс го предводеше Министерството за национално образование и пропаганда, создадено за да го прослави Адолф Хитлер.

Неговите методи вклучуваат цензура во медиумите и контрола на радиостаниците и полињата на култура и уметност.

притисни ентер