Индиските слаткари направија најдолга торта на светот (ВИДЕО)

Над 1 500 индиски слаткари го урнаа Гинисовиот рекорд и направија торта долга 6,5 километри.

Стотици индиски слаткари во државата Керала направија најдолга торта на светот, долга 6,5 километри, уривајќи го претходниот рекорд поставен од кинеските слаткари.

Огромната торта од ванила, тешка 27 тони, беше прикажана на неколку илјади маси во градот Трисур.

Почина најстариот маж на светот

Најстариот човек во Јапонија, кој исто така беше признат како најстар маж на светот, почина на 112-годишна возраст, објавија локалните медиуми .

Читсу Ватнабе, жител на централниот јапонски град Џетсу, почина во неделата, објави Кјодо њуз.

Роден на 5 март 1907 година, Ватанабе живеел во дом за стари лица. Гинисовиот рекорд  на 12 февруари го признаа како најстар човек на светот.

Откако завршил земјоделско училиште, Ватнабе се преселил во Тајван, каде работел во јапонска компанија за шеќер. По тоа, бил во јапонската армија за време на Втората светска војна.

По војната, тој се вратил во родниот град Нигата и работел како службеник до неговото пензионирање.

Зад себе остави пет деца, 12 внуци, 16 правнуци и еден пра правнук.

Најстарата личност на светот Кејн Танака живее во Јапонија. Таа го прослави својот 117-ти роденден во јануари.

Американска компанија тврди дека има вакцина против коронавирус

Американската  компанија Moderna Inc. ја достави својата прва серија вакцини против коронавирус до надлежните американски здравствени агенции за да може да се започнат првите тестови на луѓе.

Moderna Inc. вчера објави дека испратила примероци од вакцини до Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) и дека очекува првите клинички испитувања да започнат кон крајот на април. Прелиминарните резултати би можеле да бидат достапни во јули или август, според „Волстрит журнал“.

Компанијата ја користела технологија mRNA (месинџер РНК), што е прилично ветувачки затоа што вакцините за mRNA се хипотетички побрзи и поефикасни од оние што се засноваат на ДНК.

Причината е што вакцините засновани врз ДНК треба да комуницираат со клеточното јадро, додека mRNA се наоѓа низ целата клетка и затоа е многу подостапна.

Од друга страна, Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека се надева на лек против ебола , кој се покажа ефикасен во намалувањето на симптомите на СОВИД-19.

Таа додаде дека клиничките испитувања врз луѓето веќе биле во тек и дека резултатите би можеле да бидат познати за неколку недели.

Православниот собир во Аман уште не почнат осуден на дебакл

Уште не почнат исходот од  православниот собор во главниот град на Јордан, аман е повеќе од сигурно дека ќе биде неуспешен.

Но, неуспешен за иницијаторот  на собирот  ерусалимскиот патријарх Теофил трети и за претставниците на Српската и на Руската православна црква кои единствени заминаа во Аман, откако претходно  учеството го откажаа Грчката, Александриската, Кипарската, Албанската, Грузиската, Бугарската и последна во низата антиохиската црква.

Одбивањето на антиохискиот патријарх Јован да учествува на собирот се цени за најголема шлаканица за рускиот и ерусалимскиот патријарх , дотолку повеќе што прво ја прифатил поканата а потоа со образложение дека сака да избегне се што би можело дополнително да ја продлабочи разделбата на браќата и нивното несогласување , истата  ја отфрлил.

Но зошто братскиот собир во аман, толку ја дигна на нозе православната екумена?

Прво затоа што таков собир секогаш свикува вселенската патријаршија и што тема на истиот било да се изанализира и заземе гард кон потегот на вселенскиот  патријарх вар Толомеј  да прогласи автокефален статус на украинската православна црква а во предвечерието кога се очекува истата одлука да ја донесе и за Македонската православна црква Охридска архиепископија, нешто пак на што се противи руската православна црква и која околу овие прашања би сакала да го има приматот.

Првиот човек на московската патријаршија и на цела Русија за надворешни релации , патријархот Иларион Алфеев пред состанокот во аман изјави дека најдобро би било православните  цркви проблемите да ги надминат по пат на дијалог каков што дијалог заговараа да се случи и меѓу МПЦ и СПЦ.

Целта на овој собир е да се разговара за зачувување на црковното единство. За жал,факт е дека постојат  постојни поделби и сериозни несогласувања меѓу Локалните цркви. Постои опасност од длабок раскол во Православната црква. Овие поделби можат да се надминат само преку чесен и братски дијалог и заеднички напори на сите универзално признати автокефални цркви. Се надеваме дека претстојната средба ќе стане важна фаза во оваа насока, изјавил Алфеев.

Имено точно поради тоа, собирот во Аман се ценеше дека ќе биде собир на кој ќе се утврдат пријателите на доделувањето на автокефалниот статус на МПЦ-ОА и кои се опонентите на тоа. Поразени и осамени во Јордан, претставниците на Руската и на Српската православна црква веројатно сваќаат дека врвен поглавар е Вселенскиот патријарх Вартоломеј кој под негово патронство го зеде и процесот за статусот на нашата православна црква од каде очекуваат најавената покана да ја посетат Вселенската патријаршија да се случи по собирот во Аман кој е закажан да се одржи утре.

притисни ентер