Шпанија воведе мерки против пијаните туристи – Нема веќе „среќни часови“

Шпанските Балеарски острови забранија попусти на алкохолни пијалоци познати како „среќни часови“ и понуди кои вклучуваат неограничено количество на алкохолни пијалоци.

Забраните се воведуваат на некои од најпопуларните туристички дестинации со цел да се стави крај на таканаречениот „пијан туризам“, пренесува Еуроњус.

Властите на островите, вклучително и Минорка и Мајорка, објавија денеска дека наметнуваат петгодишна забрана во градовите Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

Покрај тоа што решија да ги забранат пијалоците со пониски цени, надлежните на Балеарите забранија и таканаречени пијани бродски забави, туристички тури што ги носат посетителите од бар до бар. Забрането е и скокање од балкони во хотелите.

Покрај тоа, на продавниците нема да им биде дозволено да продаваат алкохол по 21:30 часот. Баровите што нема да ги почитуваат овие забрани, ќе добијат казни до 60.000 евра и ќе бидат затворени до три години.

Балеарските острови се една од најпопуларните туристички дестинации во Шпанија. Во 2018 година ги посетиле 13,8 милиони туристи.

притисни ентер