Се враќа легендарната Панда 4X4 (ФОТО)

Ако се занемари Лада Нива , станува збор е најубавиот и најдостапниот 4х4 на пазарот.

Оригиналниот Панда 4х4 од 1980-тите сега се врати, а го среди компанијата Garage Italia. Ова е проект нарачан од Car & Vintage за да прослави половина милион следбеници на Инстаграм.

Тие ја посакаа легендарната Панда, целосно ажурирана и технолошки модернизирана во согласност со денешните трендови. И тоа значи, меѓу другото, исфрлање на слабиот бензински мотор и инсталирање на електричен погон. Fiat 'Panda Jones' Car & Vintage Edition е целосно обновено како моделот на Индијана Џонс, вози со 115 км на час и со опсег од 100 км. И да, остана Steyr погонот на сите тркала.

притисни ентер