Пред Форумот на светските лидери во Давос , Грета собра илјадници на протест во Лозана (ВИДЕО)

Околу 10.000 демонстранти предводени од шведската активистка Грета Тунберг се собраа денес во шведскиот град Лозана.

Во говорот одржан од оваа 17-годишна активистка, која го основаше движењето #FridaysforFuture, овој пат таа ги критикуваше владите дека не сториле ништо или доволно за да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Тунберг рече дека со влегувањето во новата деценија, сè уште нема промена или реализиран вистински чекор.

„Тоа мора да се промени“, повтори Тунберг.

„Сакам да им кажам на лидерите и на оние кои се во позиција на моќ дека сè уште не виделе што можеме“ и рече дека ова е пораката што таа ќе ја испрати следната недела на Светскиот економски форум во Давос.

Демонстрантите во Лозана носеа транспаренти на кои пишуваше „Доцна е, но сè уште не е доцна“ и „Разбудете се” и ,,Мирисате на пожари“.

Илјадници демонстранти најавија дека ќе се упатат кон Клостерс, место во близина на Давос во текот на викендот, каде Тунберг ќе учествува на два панели.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер