Забележани шест чудни објекти во центарот на нашата галаксија

Научниците открија многу чудни предмети во центарот на нашата галаксија, кои не постојат никаде на друго место во Млечниот пат.

Поточно, во орбитата околу супермасивната црна дупка, сместена во центарот на нашата галаксија, пронајдоа шест предмети што не личат на ништо видено досега во Млечниот пат. Овие предмети се толку невообичаени што создадоа цела нова категорија на вселенски феномени наречени - G објекти.

Астрономите за прв пат ги забележале оригиналните два предмети, Г1 и Г2, пред скоро две децении. Тие изгледале како огромни гасни облаци, со дијаметар од 100 астрономски единици (астрономската единица е приближно еднаква на растојанието на Земјата од Сонцето). Додека се приближувале до црната дупка, овие облаци се издолжеле, а спектрометарот регистрирал дека се состојат од емисија на прашина и гас, пренесува Science Alert.

Но, проблемот беше во тоа што Г1 и Г2 не се однесувале како облак од гас.

„Овие предмети изгледаат како гас, но тие делуваат како sвезди“, рече физичарот и астроном Андреа Гез од Универзитетот во Калифорнија (УЦЛА).

Гез и нејзините колеги го проучуваат нашиот галактички центар повеќе од 20 години. Врз основа на нивните податоци, астрономот на УЦЛА, Ана Сиурло идентификуваше уште четири вакви објекти: Г3, Г4, Г5 и Г6.

Сè уште не е целосно јасно за што точно станува збор, но Гез верува дека формата Г2 во 2014 година, кога била најблизу до црната дупка, може да понуди неколку одговори.

„Кога беше најблизу до црната дупка, Г2 имаше навистина чуден изглед“, рече Гез.

"Предметот Г2 не изгледа премногу чудно сè додека не се доближи до црната дупка - тогаш се издолжи. Кога беше далеку од црната дупка, изгледаше како безопасен компактен предмет, а кога се приближуваше се истегаше и извртуваше за да започне повторно да се компактира“, објасни таа.

Астрономите веруваат дека одговорот лежи во масивни бинарни sвезди. Поголемиот дел од времето, овие sвезди орбитираат едни со други, но понекогаш се судираат, формирајќи една голема sвезда. Кога тоа ќе се случи, се создава огромен облак од прашина и гас, опкружувајќи ја новата sвезда уште милион години по судирот.

„Нешто требаше да ја зачува компактноста на Г2 и да и овозможи да преживее блиска средба со црната дупка, што укажува дека внатре се крие ѕвезден предмет“, објасни Сиурло.

Но, што е со другите пет објекти од категоријата Г? И тие би можеле да претставуваат спојување на бинарни sвезди.

"Црните дупки може да предизвикаат да се судираат бинарни sвезди. Можно е дека многу од необјаснети sвезди што ги забележавме, всушност се крајниот производ на спојување на бинарни sвезди. Ние сè уште учиме како се формираат галаксиите и црните дупки. Начинот на кој комуницираат бинарните sвезди и со црната дупка е многу различен од интеракции на одделни sвезди со други sвезди и со црната дупка “, рече Гез.

Студијата A population of dust-enshrouded objects orbiting the Galactic black hole е објавена во средата во научното списание „Nature“.

Дневен хороскоп за 23. февруари 2020 година

Дневен хороскоп за недела. 23. февруари 2020 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.

Кариера

Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.

Здравје и совет

Сепак имате доволно слобода.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.

Кариера

Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.

Кариера

Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје и совет

Посигурни сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Одвоете го приватното од деловното.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.

Кариера

ПОдготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.

Здравје и совет

Одморете и наспијте се .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.

Здравје и совет

Тргнете се од каква било негативност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.

Здравје и совет

Ќе го надминете преодниот стрес.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.

Кариера

Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.

Здравје и совет

Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.

Кариера

Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата.

Здравје и совет

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Германци во потрага по пораката во шише , што за осум години поминалo 18 000 километри

Кога Џулија Гогос од Бон и нејзините деца фрлиле шише со порака пред осум години во Рајна, таа не очекуваше дека ќе отплови сè до Нов Зеланд.

Но, минатата недела, писмо од Новозеландско семејство со датум од 7 февруари, пристигна во поштенското сандаче на Гогос минатата недела, во кое се вели дека е пронајдено шишето со пораката во Окленд, на 18.000 километри оддалеченост.

„Драги Сила, Фрида, Маја и Џон, ја најдовме вашата порака во шише и ја испративме назад од Окленд, Нов Зеланд“, се потпишале во писмото Скот, Џулија, Леа и Алис Џој.

Семејството Гогос соопшти дека Маја и Сила сега имаат 12 и 14 години и дека децата се многу возбудени од писмото. Сепак, жалат што пронаоѓачите не ја напишале својата адреса и ќе се обидат да ги најдат преку Фејсбук.

Таткото Кристијан Гогос објави фотографија од писмото на оваа социјална мрежа, но сè уште нема добиено никаква информација за семејството на Нов Зеланд.

„Би сакале да знаеме повеќе за тоа каде точно го нашле шишето, во која состојба е сега, и дали можеби го чуваат“, рече Џулија.

Нејзиното семејство никогаш не било во Нов Зеланд, но тие веруваат дека писмото би можело да биде знак дека треба да го посетат Пацификот.

Традиционална тепачка со портокали во Италија (ВИДЕО)

Еднаш годишно на покладен  вторник, жителите на стариот средновековен град Ивре во Италија, се собираат на главниот плоштад за тепачка со портокали.

Битката со портокали потекнува од средновековниот период и го слави денот кога жителите биле ослободени од суровото владеење на злобниот војвода.

Според легендата, ќерката на мелничарот,  Виолет му ја отсекла главата на војводата кога се обидел да спие со невестата на првата брачна ноќ. Ова го натерало градот да се крене на нозе и да го запали замокот на војводата.

Битката е борба меѓу оние кои го поддржуваат војводата и оние што се на страната на Виолета.

притисни ентер