И Костадин Костадинов одговораше на „30 прашања“ на Коста Петров

СДСМ објави ново видео од серијалот во кој фунционерите на партијата одговораат на 30 прашања од потпретседателот Коста Петров.. 

„Ви благодарам, повелете прашања. – Јас имам триесет прашања. –Повели, Коста.“

Кога не би бил политичар би бил пилот, желба му е да ја запознае Атиџе од “Медена земја“ a во политиката влегол поради режимот во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Вака портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов се претстави во најновиот серијал на рубриката „30 прашања со...“ кој го подготвува потпретседателот на партијата Коста Петров.

Инспирирани од неколкуте видеа во кои високи функционери на владејачката партија се во главна улога, „Радио МОФ“ реши да сними пародија. Но наместо политичар, во видеото кое денес осамна на социјалните мрежи, се појавува студентот Александар кој одговара на 30 прашања за неговото секојдневие во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.  Видеото за само неколку часа дури и го надмина по гледаност видеото со Костадинов.

„Што е најголемиот проблем од живеењето во Кузман? – Ограничувањето од 10 часот со топла вода, ако ја има воопшто.Стан или студентски, што би избрал? – Студентски. Покрај сите недостатоци што ја има управата и зградава, дружбата е незаменлива. Кога твојот студентски живот би бил филм, како би се викал? – Самоуништување.“

во досегашниот серијал, „30 прашања“ одговараа и Мила Царовска, Радмила Шекеринска и премиерот на техничката влада Оливер Спасовски. (I’ll be back.“)

притисни ентер