Во Ирак уапсен предебел терорист од ИД , полицајците го товареле во камион

Муфтијата на ИД, која беше уапсен во Ирак, е толку дебел, што не го собирало во полициско возило и требало да биде натоварен на задниот дел на камион.

Ирачките безбедносни сили вчера го уапсиле Шифу ал-Ним во градот Мосул. Тој е осомничен за издавање фетви или религиозни пресуди, по што биле погубувани многу научници и свештеници , а била и бомбардирана џамија. Ирачката полиција соопшти дека муфтијата е еден од најголемите водачи на ИД.

На фотографијата од неговото апсење се гледа како Шифу ал-Ним е ставен на задниот дел на камион, бидејќи не го собирало во полициско возило, пренесува „Дејли меил“.

„Задоволен сум што Аба Хат од Исламска држава е уапсен во Мосул. Тој е одговорен за убиства на мажи, жени и деца. Tоа животно силувало и убивало“, напиша на Твитер Британец кој се борел против ИД во Сирија.

притисни ентер