Премиерот на округот, Един Форто, им рече на новинарите дека се свесни колку е драматична ситуацијата, па освен воведувањето бесплатен превоз, донеле одлука да купат и дистрибуираат заштитни маски за најранливите категории на население, особено децата.
Сараево е на врвот на списокот на градови со најголемо загадување на воздухот од 11 јануари, при што најголем проблем е големата концентрација на честички од прашина над 500 микрограми на метар кубен.
Ваквите концентрации на честички од PM 2.5 и PM 10 означуваат средна категоризација на воздухот опишана како опасна по здравјето и во такви околности на жителите им се препорачува воопшто да не го напуштат домот, а доколку веќе го сториле тоа, треба да се користат специјални заштитни маски.
Со околу 80.000 индивидуални постројки за согорување кои користат цврсти горива, најголем извор на загадување се возилата со над 150.000 регистрирани во Сараево.
Во овие околности, окружната влада се одлучи да понуди бесплатна употреба на електрифицирани возила во јавниот превоз и најави набавка на нови тролејбуси, автобуси и трамваи, за кои се планира да бидат потрошени 45 милиони евра во текот на следните три години.