Препораки да не се објавуваат фотографии од кафански седенки - добронамерни совети или политичка хипокризија?

Функционерите на СДСМ од 20-ти јануари до 12-ти април да се воздржат од приватни патувања, одмори, седење во кафеани, а многу важно е фотографии од  такви приватни активности воопшто да не се објавуваат на социјалните мрежи. 

Писмото што со ваква содржина го испратил генералнито секретар на партијата Љупчо Николовски, повторно ги отвори дилемите во јавноста – дали перцепцијата за полтиичарите што ја има јавноста е вистинската?

На прашање од Канал 5 која е целта и од каде потребата за едно вакво укажување до функционерите од партијата, Николовски вели дека станува збор за редовни насоки од него како шеф на Централниот изборен штаб.

„Писмото е со цел афирмација на веќе утврдените принципи и пракси за отчетно и одговорно однесување на сите партиски функционери.Станува збор за внатрепартиска комуникација која промовира пораки до сите регионални и општински изборни штабови за крајно посветено и одговорно работење исклучиво во интерес на граѓаните и државата, наспроти расипничкото однесување на претходната власт“, вели Николовски во одговор.

Потребата да се потсетуваат функционерите дека е потребно да се однесуваат одговорно зборува за тоа каква е перцепцијата на граѓаните за македонските политичари, сметаат дел од комуниколозите. 

Петар Арсовски вели дека ваквите инструкции треба да бидат редовна пракса меѓу политичарите, а не само предизборно „дисциплинирање“.Ваква предизборните укажувања, вели остава простор за толкување дека политичарите во битката за глас практикуваат лажна скромност и проектираат поинаква слика за нив.

Арсовски потсетува дека во Македонија и претходно имаше случаи во кои политичарите се обидуваат да наметнат поинаква слика за своеото однесување, од реалната. Како најеклатантен пример ги посочува „бомбите“ во кои се слушна како екс премиерто Груевски го користел новиот мерцедес само кого немало камери во блзиина.

притисни ентер