Меркел: Македонија направи неверојатен скок со решавањето на спорот за името

Со охрабрувачката порака на Ангела Меркел дека Македонија треба да ги почне преговорите, претседавачот со Унијата, Андреј Пленковиќ ја заокружи серијата средби со највисоките европски челници.

Германската канцеларка призна дека и на Европскиот совет во декември не успеале да постигнат договор со Франција за повторно отворање на прашањето за почеток на преговорите, но се надева дека тоа ќе се случи во март годинава. Според неа, Македонија и Албанија преговорите мора да ги започнат во пакет, но потоа двете држави да бидат оценувани според индивидуалните успеси.

„Во случајот со С. Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада. Сметам дека Албанија и С. Македонија припаѓаат кон истата група. Затоа сметам дека доколку сме фер, двете земји треба да ги започнат преговорите, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси. Мораме, откако не успеавме да пронајдеме договор на декемврискиот совет, сега мора да видиме дали можеме нешто да сториме на советот во март“,изјави Ангела Меркел – Канцелар на Германија.

Разговорот на Пленковиќ со Меркел во Берлин, следи непосредно по неговите средби со Макрон, Фон Дер Лајен и Шарл Мишел, на кои прашањата за македонските преговори и за новата методологија беа меѓу клучните теми. По синоќешната средба, Пленковиќ повторно нагласи дека стои зад земјите од Западен Балкан и дека очекува Македонија и Албанија напролет да го започнат преговарачкиот процес.

-Затоа одлучивме самитот во Загреб на 6 и 7 мај да биде самит кој ќе даде реална перспектива за идните односи во деценијата која што следува, кој ќе биде од политичка природа, кој мора да ги подготвува тие земји постепено, со освежена методологија за преговарачкиот процес за пристапување, на начин на кој што ќе знаеме точно како и со каква динамика тие држави ќе се движат кон Европската Унија во годините кои што се пред нас,вели Андреј Пленковиќ – Премиер на Хрватска.

Дека следните неколку месеци ќе бидат клучни за земјава, потврди и шефот на словачката на дипломатијата, Мирослав Лајчак. На конференцијата посветена на односите ЕУ - Западен Балкан, тој предупреди и на ризиците со кои ќе се соочи Унијата доколку не испрати јасен сигнал до земјите од регионот.

Според него, неопходно е да се изнајде нов консензус за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, и да се подобри политиката на проширување во пресрет на мајскиот самит во Загреб.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер