Филипче: Нов апарат за компјутеризирана томографија на Институтот за радиологија

Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија. Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година и е пуштен во употреба.

Апаратот за компјутеризирана томографија работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку националниот електронски систем „Мој Термин“. Очекуваме со новиот апарат да се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.

-Инвестираме во човечкиот капитал, набавка на нови лекови, како и нова медицинска опрема за да им овозможиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти. Водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментот, на Институтот за радиологија се во функција четири апарати за компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавна здравствена установа, потенцираше министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Апарат за компјутеризирана томографија е набавен со средства од установата во вредност од 10 милиони денари.

притисни ентер