Две лица починаа во Кина од мистериозната вирусна пневмонија

Уште едно лице почина од мистериозната вирусна пневмонија, која се појави во  Кина, а спаѓа во истата група како Сарс,  соопштија здравствените власти.

 Македонските власти внимателно го следат развојот на настаните, но уверуваат дека опасноста кај нас засега е минимална.

Во метрополата Вухан, каде што за првпат е откриена болеста минатиот месец, почина 60-годишен маж, соопшти општинската комисија за хигиена и здравство пред неколку дена во Вухан, како последица на новата мистериозна болест, почина 61-годишен пациент.

 Човекот, како и другите пациенти кај кои е регистрирана белодробната болест, го посетувал пазарот во Вухан, кој се смета за место каде првпат се појавила болеста. Пазарот е затворен од 1 јануари, а на него покрај риби, се продаваат и диви животни.

Според најновите информации, во Кина се пријавени најмалку 41 пациент, меѓу кои пет се во сериозна состојба.

Покрај тоа, два случаи заболени од овој вирус се откриени во Тајланд и Јапонија, чии власти велат дека пациентите биле во Вухан пред да бидат хоспитализирани.

притисни ентер