За речиси три пати зголемен бројот на заболени од грип

Расте бројот на заболени од грип. Само во текот на изминатата недела се регистрирани 583 болни од грип што е за три пати повеќе од претходната недела кога беа регистрирани 207 случаи, велат од Институтот за јавно здравје.

Надлежните сепак смируваат дека иако бројката на болни е зголемена таа не го надминува прагот на сезонска активност.

Најголем број од случаите на новозаболени од грип се на подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица – 166, додека највисока инциденца е регистрирана на територијата што ја покрива подрачната единица Дебар со 58 пријавени случаи. 

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.618.

притисни ентер