Со новиот кампер на Мерцедес ќе може да се управува преку мобилен (ВИДЕО)

Најновиот модел од фабриката на Мерцедес е наменет за авантуристи кои сакаат трајна врска со нивниот автомобил.

Вештачката интелигенција овозможува да ги контролираме уредите во нашиот дом по телефон, а сè повеќе автомобили ги даваат овие придобивки.

Мерцедес Бенц претстави камперски модел наречен Марко Поло, кој може да се поврзе со мобилниот телефон на сопственикот. Во овој случај нема да може да се користи стандардниот интерфејс за контрола на возилото, кој е компатибилен со поновите модели или со апликацијата „ Mercedes Me “ што ги бележи сите важни податоци за возилото. Исто така, ќе може да се издаваат говорни команди, овозможени со напредниот MBUX систем. Командите може да се користат и кога сте далеку од градскиот метеж и вашиот дом.

Мобилниот телефон го контролира подигнувањето и спуштањето на мобилниот покрив на камперот. Компјутерскиот систем MBAC ја достигнува посакуваната температура на воздухот преку екранот на возилото или преку апликација. На ист начин се регулираат и внатрешното осветлување, звучниот систем и отворањето на подвижниот покрив. Преку апликацијата, секогаш може да се провери статусот на резервната батерија, залихите на свежа или количината на отпадна вода во возилото, пишува Automobile.

Mädelswochenende! Kaum ist der neue MP im Haus ist er auch schon wieder weg. Alles wieder an seinem Platz einräumen, Fahrräder drauf und weg sind die beiden Mädels Richtung Mosel. Erste Eindrücke vom neuen Marco Polo. Der neue 300er Motor ist der Hammer. Beim Fahren hört man den Diesel nur noch leise schnurren. Die Kraftentfaltung 239 PS-Triebwerks ist der Hammer. In Verbindung mit der neuen 9-Gang-Automatik macht der Marco Polo mega Laune und setzt neue Maßstäbe. Absolut konkurrenzlos!!! #marcopolo #mercedesmarcopolo #mercedesmarcopolourlaub #mercedesmarcopolofan #camping #glamping #campervan #camperontour #campingbus #camperbus #dogcamping #camperdogs #campingdog #camperdogslife #campinghund #werbung #unbezahltewerbung #marcopoloactivity #mercedesvito #mercedesvitocamper #mercedesbenzvito #mercedesvitocampervan #mercedesvitovip#mosel#moselcamping #mädelsurlaub

A post shared by Mercedes Marco Polo Club (@mercedes.marco.polo.club) on

Сопствениците на овој кампер ќе можат да го стартуваат моторот со далечински управувач. Мобилниот телефон го известува сопственикот и за потенцијален дефект. Исто така, апликацијата помага и при изберот на најдобрата рута. За време на кампувањето, компјутерот препознава присуство на штетници и диви животни кои му се приближуваат на возилото.

Апликацијата им дава информации во секое време на сопствениците за нивото на горивото во резервоарот и притисокот во гумите.

Камперот може да прими најмногу пет лица. Цената на возилото сè уште не е објавена, но познато е дека спортската верзија со компјутер MBAC ќе биде достапна во Европа оваа пролет.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер