Мистериозниот кинески вирус се прошири и во Јапонија, наликува на смртоносниот Сарс

Првиот случај на зараза со новиот тип корона вирус денес е официјално потврден во Јапонија. 

Првите случаи на заболувањето се пријавени во Кина, каде како резултат на заразата со вирусот починало едно лице, а десет лица биле во критична состојба.

Првиот случај и повеќето случаи на зараза се поврзани со купување намирници на пазарот за морска храна, а експертите сè уште не ја исклучуваат можноста вирусот да почнал да се пренесува од лице на лице.

притисни ентер