Руската црква со негативни реакции на најавите од Вселенската патријаршија

Црковен Белград молчи, но првата официјална реакција доаѓа од Москва. 

Првиот човек на прес службата на патријархот Кирил, Владимир Легојда преку неговиот „Телеграм Канал“ потврдата од Вселенската патријаршија дека не се откажала од намерата да го реши прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА и покрај противењето на српската и на руската православна црква, ја квалификува како нож во грбот на СПЦ.

„Очигледно е дека патријархот Вартоломеј одлучил да ги задоволи барањата на сите политички елити, кои ја користат верата во своите игри. Тој всушност и „зари“ нож во грбот на Српската православна црква, која сега страда поради политиките на црногорските власти, коментира в.д. раководителот на прес службата на рускиот Патријарх Кирил.

Цариградскиот патријарх Вартоломеј се очекува наскоро на заедничка средба во Истанбул да ги повика претставниците на Македонската и на Српската црква со цел да се изнајде заемно прифатливо решение на црковниот спор.

Одлуката на Вартоломеј како што пишува и „Ortodox Time“ доаѓа по посетата на премиерот Спасовски и лидерот на СДСМ, Заев на која одблиску се разгледал црковниот проблем и сите досегашни фази.

Дека Вартоломеј работи на решавање на автокефалниот статус на МПЦ, за Канал 5 потврди и владиката Тимотеј, a премиерот Спасовски вчера изјави дека очекува динамичен дијалог со Вселенската патријаршија за надминување на проблемите на МПЦ.

Инаку, наспроти првичниот коментар на неговиот портпарол, рускиот патријарх Кирил уште минатата година изјави дека Вартоломеј во случајот со автокефалноста на МПЦ-ОА би можел да го примени „украинското сценарио“ .

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

притисни ентер