Претседателот Пендаровски се сретна со Вархеји

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.

Посакувајќи му добредојде, претседателот Пендаровски му го честиташе именувањето на Вархеји за Комесар за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ и му посака успех во работата и изрази очекување дека тој ќе дава цврста поддршка на перспективата за проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните состојби во Република Македонија, како и за аспирациите на земјата за членство во Европската унија.

Претседателот Пендаровски истакна дека европската и евроатлантската интеграција останува стратешка цел за нашата држава. Во очекување на скорешното финализирање на членството во НАТО, посочи претседателот Пендаровски на средбата, фокусот на државата е насочен кон перспективата за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Македонија, истакна претседателот Пендаровски, останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има национален консензус меѓу политичките чинители и висока поддршка од граѓаните. Претседателот изрази надеж дека до март годинава ќе биде дефинирана новата методологија за водење на процесот на пристапните преговори меѓу земјите членки на ЕУ.

Во контекст на предвремените парламентарни избори, претседателот Пендаровски повика на одговорност од сите политички чинители и истакна дека тие треба да бидат фер, слободни и во демократска атмосфера, со оглед на нашите аспирации за идна земја-членка на Европската унија, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на протоколите за работа

Полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат вчера во периодот од 19 до 22 часот, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од Ковид.

Од МВР денеска информираа дека при контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито" во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, најавуваат од МВР, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков во ВМРО-ДПМНЕ

Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.

А ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже.

СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница.

Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков.

Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми

Владата зема 2 милијарди заеми, а тие пари не се стигнати кај фирмите.

Денес во Битола остваривме средба со претставниците на Стопанската комора, и да видиме кои се состојбите. За жал состојбите не се охрабрувачки. Гледаме дека стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми.

Мислиме дека изминатиов период тие најавени 2 милијарди евра кои владата ги зема, се задолжи и ги потроши, за жал не покажуваат ефекти во стопанството. Што не доведува до заклучокот, дека она што го кажа вицепремиерот за економски прашања дека 350 милиони евра се само искористени во стопански цели, додека другите веројатно се искористени во непродуктивни или коруптивни цели, а не во интерес на стопанствениците или вработените.

Цениме дека Битола во моментов се наоѓа на маргините на невниманието на локалната и на централната власт и доколку се продолжи со ова невнимание и запоставување на општината може да има уште поголеми и потешки последици од стопански аспект, но и поголемо иселување, а бирото за вработување да ја зголемува бројката на невработеност.

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер