Пазарџиите и денеска на протест против поскапувањето на паркингот во Центар

Пазарџиите од Зелен пазар и денеска излегоа на протест поради поскапувањето на паркингот.Велат дека со одлуката на општина Центар почуствувале намалување на прометот.

Дел од булеварот „Кирил и Методиј“ позади зелениот пазар и утрово блокиран. Пазарџиите од пазарот втор ден на протест. Бараат намалување на цените на паркингот во општина Центар. Велат дека иако само една недела е поскапен паркингот тие веќе почуствувале намалување на прометот.

Но, од ЈП ПОЦ не отстапуваат од одлуката. Тие и вчера преку соопштение изразија жалење за незадоволството на пазарџиите и апелира до нив да ги прифатат новите мерки.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар смета дека решението на проблемот треба да се бара во Скопски Пазар кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис.“

Инаку согласно одлука донесена од Советот на Општина Центар за 20 денари е зголемена цената на сите зонски паркиралишта на територијата на општина Центар. Па така, сега паркирањето во строгиот центар на Скопје изнесува 70 денари, со цел да се намали бројот на паркирани возила во центарот и да им се овозможи на жителите похумани услови за живеење.

СДСМ: Студија на ЕУ потврди, Мицкоски извор на лажни вести

Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на неговиот ментор од Будимпешта, како и на неколку медиуми блиски до опозицијата се извори на дезинформации.

Ова се наведува во студијата посветена на мапирање на лажните вести, подготвена од Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент.

Ова е уште една потврда, уште едно демаскирање на кујната во белиот дворец во стечај, во која се готват лажни вести, измислици и дезинформации, на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.

Само ден претходно лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Македонија, беа демантирани од странски амбасади.

Вистината секогаш излегува на виделина, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна, антиевропска партија, која шири лаги и дезинформации, со кои ги поткопува напорите за евроатлантска интеграција на државата.

Граѓаните одамна им ги прочитаа лагите, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста

Бугарски интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик

Според нив, неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик. 

Бугарската влада веднаш да го одобри почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, а дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата..., бараат група бугарски интелектуалци во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како и до канцеларијата на ЕУ во нивната земја.

Според нив, неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик. Несоодветно е, оценуваат, да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство.

-Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на процесот на преговори на Македонија за членство во ЕУ, со аргумент кој е неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Според наше мислење, Бугарија ќе претрпи штета на имиџот на различни ненационални нивоа, со непредвидливи последици. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката помеѓу двете земји кои се главните столбови на истоимениот договор. Наспроти ова, манифестациите на грубост од двете страни, на високо политичко ниво, на ароганција и кратковидни историски интерпретации со живописен националистички и шовинистички вкус, наведуваат во писмото.

Додаваат Бугарија да даде „зелено светло" за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ без одлагање, односно тоа да се случи до крајот на 2020 година, во рамките на германското претседателство со Советот.

Според нив, дискусијата за сите прашања поврзани со спроведувањето на Договорот треба да биде единствено во духот и стандардите на современото меѓународно право и преку современи пристапи кон решавање на билатералните и мултилатералните меѓудржавни односи.

Убедени сме, наведуваат, дека во таков формат на модерно договарање не можат да постојат услови една од страните да прифаќаат нереални барања поставени од другата страна, како што се откажување (целосно или делумно) од самоопределување на својот народ и откажување од самоидентификација. нејзините граѓани.

– Несоодветно е да се очекува дека во кој било процес на преговори, кој било менаџерски тим во светот ќе преземе самоубиствени активности, донесувајќи политичка одлука за самоидентификација на своите граѓани и тврдејќи дека од дадена година целото население како целина преминало од една во друга етничка група.

Предлагаат како еден од првите чекори да биде именувањето на транспортната инфраструктура меѓу двете држави на Коридорот 8, „Гоце Делчев".

Наместо фокус на историските спорови, тие бараат дебатата да се насочи кон суштински теми. -Да се ​​развие „патоказ" за заедничко дејствување за спроведување на Договорот со соодветни рокови, повикувајќи се особено на тоа да се даде решителен почетен поттик за активности со силен потенцијал за затоплување на односите преку унапредување на политичка, дипломатска и граѓанска размена, воено-техничка соработка, економска, еколошка, образовна и културна соработка, научната соработка, медиумите и заштитата на човековите права.

На писмото, објавено од страна на Бугарската заедница за либерална демократија, досега се потпишани 30 бугарските интелектуалци: историчари, социолози, политолози, економисти, правници, новинари, активисти за човекови права, психолози и еден поранешен советник на бугарскиот претседател Жељу Жељев. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: 5 факти дека Заев додека се колне во Македонија преговара за промена на идентитетот

​Излезе на виделина дека премиерот во заминување спрема нов пораз и продажба на идентитетот во исто време кога се колне во црвените линии и Македонија.

Заев како редок прототип на квислинг во исто време кога вели дека го сочувува идентитетот се докажува дека повторно лаже.

Еве 5 факти кој го потврдуваат тоа.

1. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже.

2. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.

3. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.

4. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.

5. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.

Зоран Заев треба да одговара за велепредавство. Тој е изворот на проблемите додека решението е народот. Ќе се извини ли Заев за тоа што повторно ја лажеше јавноста и што се пазари за идентитетот?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер