ДИК се прогласи за ненадлежна да одлучува за именувањето на Ристо Ставревски

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна да го реши спорот меѓу министерот Чулев и дополнителната заменичка Петровска за именувањето на новиот шеф на СВР Скопје...

Државната изборна комисија одлучи едногласно – не е надлежна за решавање на спорот околу именувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје. Членовите на ДИК се повикаа на член 46 од Законот за Влада во кој стои дека тие треба да пресечат кога има несогласувања меѓу двајцата технички министри, но само кога се работи за правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со изборите – а именувањето на началници сметаат дека не е во доменот на Државната изборна комисија. Членовите на ДИК ги повикаа министрите од техничката Влада поинтензивно да соработуваат за спроведување на предвремените избори.

,,Не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите од член 46, став 3 од Законот за Влада. Да не биде дека некого кудиме, меѓутоа ние во овој случај немаме надлежност бидејќи ова прашање не се однесува на организација и спроведување на изборите.

,,Наместо сите заедно да се доведуваме во ситуација ДИК да пресекува и постапува за поединци од Владата, сметам дека е потребно да комуницираме, соработуваме и координираме за да не се добива погрешен впечаток во јавноста за евентуални проблеми во врска со спроведувањето на изборите.

По ваквата одлука на ДИК, министерот Наќе Чулев за Канал 5 вели дека случајот е веќе затворен, а Ристо Ставревски и покрај противењето на дополнителната заменичка е нов началник на СВР Скопје.

Петровска и понатаму смета дека тој не е компетентен за позицијата и назначувањето, вели, се коси со целта на преодната Влада. Како ќе постапи по ставот на ДИК, ќе одлучи откако ќе го разгледа образложението од седницата.

,,Принципиелно останувам на ставот дека лица кои во минатото влијаеле врз изборниот процес не треба да бидат назначени на раковотни позиции во МВР. Но, ова зборува дека опозицијата, за жал, се уште не е ослободена од минатото. Целта на оваа преодна Влада е да овозможи спроведување на фер и демократски избори и оттука мојата цел не е да го блокирам тој процес.

Инаку, за успешна имплементација на активностите поврзани со изборите, денес министерот Чулев оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која со кој договориле интензивирање на меѓусебната соработка и обука на полицајците кои првпат ќе работат за изборниот процес.

Олимпискиот оган денес ќе биде запален во Античка Олимпија

Денеска традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија  ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција.

Денеска традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција, на 26 април ќе им биде предаден на организаторите, веднаш откако ќе биде запален огнот, ќе започне и штафетното пренесување во цела Грција,што ќе трае 11 дена.

Во Грција е Дејан Трајковски.

Дејан започна манифестацијата по повод палењето на олимпискиот оган, што се случува денеска во Грција ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Видео: Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

 Пожар изутрината го зафати покривот на 17-годишната зграда на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.

Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви. /МИА

Од четврток две дополнителни автобуски линии за Саемот на книга

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.

Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24 овој месец, а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче - СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

притисни ентер