Претседателот на НДП Мемеди во официјална средба со Италијанскиот амбасадор г- Карло Ромео

Претседателот на НДП Весел Мемеди, придружуван од генералниот секретар Сухелј Фазлиу и потпретседателот на НДП г-ѓа Лулјета Азири денес се сретнаа со Италијанскиот Амбасадор во земјата г- Карло Ромео. 

На оваа многу пријателска средба се разговараше за многу прашања и теми што го карактеризираат политичката актуелност во земјата па и пошироко во регионот.

Претседателот на НДП Мемеди на почетокот му изрази благодарност на Амбасадорот Ромео за целата подршка и помош што Италија има понудено на нашата земја, во текот на нашиот долг пат кон нашите стратешките цели, НАТО и ЕУ, и дека Италија ќе продолжи и понатаму да ја понуди истата подршка и помош кон почетокот на започнување на преговорите со ЕУ, пред и во текот на Самитот на ЕУ што ќе се одржи во Мај во Загреб.

Претседателот на НДП Мемеди исто така го запозна Италијанскиот Амбасадор, неговата екселенција г- Ромео, дека во времето кога НДП беше дел од владата, НДП има оставено неизбришливи траги во најкруцијалните моменти за државата и за регионот, и поради овој факт, НДП никогаш нема да направи пазарење, под никаква цена, и во периодот што предстоји, бидејќи овие високи демократски вредности се водич на нашето политичко делување. Претседателот Мемеди нагласи дека западниот свет има платено голема цена во минатото за дисеминација на демократските вредности низ целиот свет, и поради тоа не треба никогаш да се дозволи, од ниту еден, да овие западни вредности бидаат девалвирани или да бидаат изедначени со идеологии од минатото. Грижата за безбедноста на земјата и на регионот, треба да оди паралелно и со самата грижа за демократија, правото, и вистината, нешто што не било така во овие триесет години од почетокот на плурализмот во земјата, нагласи помеѓу другото претседателот Мемеди.

Италијанскиот Амбасадор г- Ромео, нагласи дека Италија има дадено безрезервна подршка за Македонија, и ќе продолжи да го направи истото и во периодот што предстоји, имајќи предвид дека земјата е дефакто членка на НАТО, и покрај сите различни размислувања од страна на некои членки на ЕУ, Италија многу брзо ќе предложи да се отвораат преговорите за членство во ЕУ за Македонија, со голема надеж дека ова може да се направи пред или во текот на Загребскиот Самит во Мај годинава. Италијанскиот Амбасадор г- Ромео, му се заблагодари на претседателот на НДП Мемеди за конструктивноста на неговиот политички субјект во круцијалните моменти за државата, и дека овој субјект ќе продолжи да биде конструктивен и во иднина за земјата, а зошто да не и за целиот регион.

Служба за Информирање – НДП

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. /МИА

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“.

На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија.

Награди „Златен лав“ за севкупен придонес им беа доделени на уметниците Ана Марија Мајолино и Нил Јалтeр. Тие се „жени пионери во уметноста, кои се исто така мигранти и на многу начини го отелотворуваат духот на мотото Странци насекаде“, велат организаторите. Ана Марија Маиолино е родена во Италија во 1942 година, но се населила во Сао Паоло, Бразил. Нил Јалтер е Турчинка, родена во египетската престолнина Каиро во 1938 година, а денес живее и работи во Париз.

На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“.

Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Северна Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.

Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.

- Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.

Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а е поддржан од Министерство за културa.

Според Старова Ќерими, делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It's Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес, како што наведува, дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани.

Кураторката Франговска, вели дека трансмедијалниот и транснаративен проект „INTER SPEM ET METUM“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад.

Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година. /МИА

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија.

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.

притисни ентер