Ангеловска: Со „Смарт Македонија" до побрз економски раст

Економијата е стабилна, а економскиот раст ги натфрла проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, кои на два пати беа покачени. 

Раст се забележува во сите сектори, а стапката на невработеност е на историски најниско ниво, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на министерскиот панел на Форумот „Еуромани", кој се одржува во Виена.

Таа нагласи дека добрите економски остварувања може да се забрзаат и да се оствари синергија преку дигитализацијата, која,како што посочи, носи поголема додадена вредност.

-„Дигитална Македонија" или „Смарт Македонија" е визијата каде ја гледаме земјата во следните години. Затоа работиме со стратешките партнери, како Светска банка, за да развиеме инфраструктура, вештини кај работната сила, за дигитализација во економијата, јавниот сектор и општеството во целина.Треба да ја внесеме технологијата во сите сектори каде што можеме: земјоделството, здравството, образованието и преку тоа да креираме синергија. Не само што сме посветени на овие процеси, туку и цврсто верувам дека можеме да ја намалиме сивата економија преку имплементирање на технологиите и да ја намалиме корупцијата, бидејќи компјутерите ја елиминираат можноста за пристрасност во одлучувањето. Со технологиите можеме да обезбедиме и поголема еднаквост и инклузивен раст, рече Ангеловска.

Посочи дека е-трговијата може да биде генератор на економски раст особено за малите отворени земји како нашата, да создаде нови работни места, да ги придвижи платите, да ја зголеми конкурентноста и да отвори нови можности за домашните компании.

-За да се постигне ова потребно е да се има капацитет, но и желба. Треба да се работи на зголемување на дигиталните вештини на населението, да се инвестира во човечкиот капитал кој е главен фактор за раст на секоја земја, рече Ангеловска.

Како добри примери во дигитализацијата ги наведе Естонија, еден од пионерите во дигитализацијата особено во полето на е-влада и јавните услуги и Израел, каде технолошкиот сектор има удел од 40 отсто од БДП.

Како мала земја, посочи, имаме потецијал и флексибилност за аплицирање на нови концепти и стратегиии како на пример „креативна економија", односно концепт кој се базира на човечката креативност, идеите и интелектуалната сопственост, знаење и технологиите. -Треба да се размислува во оваа насока, бидејќи „креативната економија" е онаа која креира додадена вредност, нови работни места, која создава можности за инклузија на маргинализирани категории, како жените, рече Ангеловска.

Зборувајќи за потенцијалните влијанија од надворешните фактори за македонската економија, Ангеловска истакна дека Република Македонија, иако мала и отворена економија, благодарение на структурните реформи и диверзификацијата е се поотпорна на шоковите однадвор. Таа посочи дека домашната валута е стабилна, дека нашата е меѓу земјите со најдобра бизнис клима во светот, како и дека последните години има раст на странските директи инвестиции.

Министерката за финасии истакна дека земјата е посветена на евроинтеграциите, особено реформите во делот на владеење на правото, зајакнување на јавната администрација и консолидација на економијата.

На Министерскиот панел, освен Ангеловска, учествуваа и министерот за финансиски политики на Унгарија Габор Гион, министерот за финансии на Романија Флорин Читу и заменик-министерката за финансии на Бугарија Маринела Петрова.

„Еуромани", поради форматот и големиот број на учесници е еден од најважните настани од економијата и финансиите во регионот на Централна и Источна Европа и претставува одлична можност за средби помеѓу носителите на политиките, како и претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и инвеститорите. /МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер