На третата владина седница усвоен новиот предлог-закон за Финансиска полиција

Владата на Република Македонија на редовната трета седница го утврди новиот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието. <

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.

Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓу институционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на постситематска и функционална основа.

На оваа своја седница Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година која ги дефинира потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија. Програмата ги утврдува и мерките за заштита кои се преземаат, мерки за заштеда на електрична енергија и енергетска ефикасност, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.

Владата денеска го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата, кој, откако ќе биде усвоен во Собранието на Македонија, ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проектите на другите субјекти во културата.

Со Предлог-законот за јавниот интерес во културата се предлагаат измени на досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата, на постапката и на критериумите за одлучување по конкурсите, како и воведување други форми за поддршка на културните активности на единиците на локалната самоуправа и на невладините организации.

Со овој предлог-закон се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата да бидат усогласени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби утврдени во Националната стратегија за развој на културата.

Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО.

Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро никаква интервенција на човекот во последните 100 години.

Локалитетот Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност со присуство на бројни ендемични растителни и животински видови, кој се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности.

На оваа седница Владата даде согласност Министерството за здравство да иницира постапка за набавка на медицинска опрема – ангиограф за потребите на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Скопје во вкупна вредност од 60.000.000,00, средства планирани во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот во 2020 година, 2021 година и 2022 година.

На денешната седница Владата на Македонија го задолжи Министерството за труд и социјална политика да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени во пожарот со трагични последици во Шуто Оризари на 10 јануари. На седницата им е препорачано на Генералниот Секретаријат на Владата и на Министерството за труд и социјална политика да ги разгледаат можностите за обезбедување на живеалишта за опожарените семејства.

Влада на РМ

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

притисни ентер