Французин заклал куче на улица и завршил во затвор

Французин од  околината на Париз е осуден на една година затвор , затоа што заклал куче што сопственичката го држела на поводник ,а  причината била одмазда, објави денеска  здружението за правата на животните.

На 8 јануари, со маскирна капа, младиот човек се приближил до жена која го шетала своето куче на поводник во населба оддалечена петнаесетина километри од Париз и го заклал животното со нож , по што угина по неколку минути.

„Да се ​​убие куче од одмазда, значи да се изврши насилство против неговиот сопственик. Така досудија судиите на прекршочниот суд во Кретил“, рече адвокатот Патрис Грилон, кој го претставува здружението за благосостојба на животните и сопственикот на кучето.

Дневниот весник „Ле Парисиен“ објаснува дека младиот човек сакал да се одмазди на жената затоа што таа, заедно со другите станари, повикала полицијата да интервенира против собир на млади луѓе кои „клечеле“ во просториите на зградата, а според станарите таму се собирале дилери. Младиот човек бил еден од овие млади луѓе против кои станарите се побуниле.

Осудениот, чие име медиумите не го наведоа, мора да плати 3.000 евра отштета со камата на сопственичката на кучето, додаде адвокатот Грилон.

Кучката била осумгодишен белгиски овчар и била дел од семејството, изјави адвокатот.

Исповедта на овие мајки ќе ви го промени начинот на размислување (фото)

Тие родиле деца во петтата деценија...

Касандра Бејкер се породила на 46 години, а Рејчел Бурден во 41-вата година.

Касандра Бејкер своето трето дете го родила на 46-годишна возраст, тврдејќи дека постарите мајки се всушност подобри. Иако е свесна за осудувањето од околината поради нејзината возраст, таа верува дека донесувањето нов живот е несебичен и радосен чин. Покрај тоа, таа истакнува дека зрелоста и животното искуство ја прават подобра мајка, како за себе, така и за нејзините деца.

-Не ми се веруваше, направив бројни тестови за бременост, но кога и десеттиот беше позитивен, конечно прифатив дека мојот сон се остварил. Донесувањето нов живот не е ништо друго освен несебичен и радосен чин, знаев и дека другите ќе ме осудат поради мојата возраст, но не ми беше грижа – истакнува таа за Сан.

Рејчел Бурден, е водителка на Би-Би-Си и мајка на четири деца, која го сподели своето искуство во врска со мајчинството, велејќи дека се чувствувала „себична“ откако го родила своето четврто дете на 41-годишна возраст. Сепак, нејзиното искуство е сосема спротивно од она на Касандра.

-Имав три лесни бремености и страшно арогантно претпоставував дека и четвртото дете ќе го родам лесно. Но, на крајот настрадав од состојба опасна по живот, прееклампсија, па бебето Хенри мораше да се роди предвреме, во 31-вата недела, тешко нешто повеќе од еден килограм - објаснила таа за медиумите.

Касандра, пак, отсекогаш сонувала за големо семејство и се чувствувала некомплетно во средните години од својот живот. Откако го запознала сопругот Дени, и двајцата сакале да го прошират семејството. И покрај симптомите на менопауза, таа одлучила да забремени и тврди дека била во најдобра физичка форма.

После десет месеци обидување, Бејкер конечно забременила и го родила синот Ксавиер. Иако бременоста поминала без компликации, поради возраста морала почесто да посетува лекар. Сега, како мајка на три деца, таа истакнува дека е финансиски постабилна и ужива во мајчинството, „со поголема емоционална интелигенција отколку во триесеттите“.

- Ми беше жал кога го слушнав искуството на Рејчел. За мене раѓањето на мојот син Ксавиер, кој сега има десет месеци, беше најдоброто нешто што можев да го направам, не само за себе, туку и за него и за моите поголеми деца, Сафран (12) и Џорџ (11). Во декември ќе наполнам 48 години и навистина верувам дека сега сум подобра мајка поради мојата зрелост и животното искуство. Исто така, чувствувам дека мојата подоцнежна бременост беше судбина, бидејќи ако вашето тело може да забремени, не сте престари да имате дете. Тоа покажува дека жените сè уште се физички подготвени и способни многу повеќе од она што општеството го наведува како прифатливо - објасни таа.

Касандра ги охрабри сите жени кои се во своите 40-ти години и сакаат да основаат семејство или да го прошират своето семејство, да го сторат тоа, нагласувајќи дека годините се само бројка и дека најважно е да посакувате и сакате дете. Нејзиното искуство сугерира дека постарите мајки можат да бидат исто толку добри и посветени како и помладите, и дека зрелоста може да биде предност во мајчинството.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

притисни ентер