Средба на Заев со амбасадорката Брнз: САД остануваат наш стратешки сојузник, организирањето фер и слободни избори заедничка одговорност на власта и опозицијата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Брнз.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како што се организирањето на фер и демократски избори, процесот на реформи процес, како и процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателот Заев изрази благодарност до амбасадорката Брнз за поддршката што САД континуирано ја дава на Република Македонија во градењето на модерно демократско општество, како и во процесот на реализација на нашите стратешки интереси поставени уште од независноста.

– Цениме што Сенатот на САД веќе го ратификуваше протоколот за членство во НАТО. Владата веќе го достави Протоколот во Собранието и тој ќе биде усвоен пред распуштањето на Парламентот а ќе се ефектуира кога Протоколот ќе биде усвоен од страна на Парламентот во Шпанија. Во зависност од динамиката во Шпанија, очекуваме полноправното членство официјално да биде заокружено на пролет истакна претседателот Заев.

Осврнувајќи за на процесот за организирање избори и работата на преодната влада, претседателот Заев порача дека државата досега во последните неколку изборни циклуси, како локалните во 2017, претседателските во 2019 и референдумот во 2018 година, покажала дека може да организира чисти, фер и демократски избори и дека верува дека тоа ќе биде случај и со предвремените избори на 12 април.

– Преодната влада беше формирана согласно политичкиот договор, законските рокови и уставните услови, без никакви проблеми. Ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира многу добро. За изборите на 12 април власта и опозицијата имаат заедничка одговорност. А посебно опозицијата имајќи предвид дека го раководат МВР како институција од исклучително значење во спроведувањето на слободни, фер, демократски и успешни избори, посочи Заев.

Амбасадорката Брнз истакна дека Република Македонија е стабилна на својот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ и дека треба да продолжи посветено со реформите што се во интерес на граѓаните. Брнз изрази уверување дека на 12 април ќе се одржат фер, демократски и слободни избори на кои ќе се почитува изборната волја и уште еднаш ги реафирмираше ставовите дека САД остануваат силен стратешки сојузник на Република Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер