СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да заборави на злоупотреба на МВР, тоа време заврши

ВМРО-ДПМНЕ со години е во коалиција со мафијата управувана од нивниот почесен претседател  во бегство во Будимпешта, Никола Груевски, се наведува во реакцијата на СДСМ  на изјавата на Игор Јанушев од ВМРО - ДПМНЕ.

Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори.

ВМРО-ДПМНЕ треба да заборави на праксата на контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, која ја применуваше  за време на својот 11-годишниот режим.

Дивеењето во МВР и злоупотребите од страна на ВМРО-ДПМЕ овојпат нема да се случа, затоа што тоа нема да го дозволат ниту СДСМ, ниту граѓаните.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги  злоупотребува техничките функции и шири лажни вести, а истовремено го брани криминалот на режимот, СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани.

Сите обиди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат се залудни.

Груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема никакви шанси на изборите во април.

Денес, институциите се во сигурни раце, фер и демократски избори ќе има, слободната волјата на граѓаните СДСМ нема да дозволи да биде загрозена.  

На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат, државата е во сигурни раце и нема дозволат враќање на режимот.Режим никогаш повеќе!, реагираат од СДСМ. 

Видео: Погледнете како напредува градењето на болницата која Кина вети дека ќе ја изгради за 6 дена

Кинезите во петокот објавија дека тргнуваат со изградба на болница за заболените од коронавирусот.

Според пишувањето на локалните медиуми, болницата ќе се гради на земјиште со површина од 25 илјади квадратни метри и ќе може да прими околу илјада пациенти.

Ќе на ликува на болница која е изградена во Пекинг во 2003 година, кога Кинезите се бореа со вирусот САРС.

Во видеото се гледа како напредува работењето на болницата на која се работи деноноќно а која треба да биде завршена за вкупно 6 дена. Се гледа дека има голем број работници на градилиштето и дека работите доста напредуваат во однос на викендот а може да се забележат и голем број на камиони кој ги довезуваат потребните материјали.

Цел ден собраниска дебата за аерозагадувањето, седницата прекината без гласање

Пратениците вечерва не гласаа за Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од ВМРО – ДПМНЕ. 

Седницата е прекината и, како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, дополнително ќе биде закажана.

Расправата во попладневниот дел продолжи како што почна претпладнето – со меѓусебни обвинувања. Пратениците од владејачкото мнозинство ја квалификува Информацијата како груба манипулација и дезинформација, како политички памфлет во кој освен голи фрази не може да се сретне ништо друго. Отсуствуваат бројки, рекоа, извори на податоци и споредбени анализи. ВМРО-ДПМНЕ, пак, побара СДСМ да им се извини на граѓаните зашто не го исполнила ветувањето – дека веднаш ќе го реши проблемот со аерозагадувањето кога ќе дојде на власт.

Ставот на власта го бранеше заменик – министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој остана на тврдењето дека актуелните мерки и активности даваат резултат. Им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека со манипулации и навреди нема да го намалат загадувањето и ги повика да се приклучат кон заедниката борба која е единствено можна, како што рече, со владиниот План за чист воздух.

Макрадули апелира и да се следат правилата и бројките и да им се верува на стручните луѓе во институциите, а не на оние што изнесуваат паушални оценки.

Откако возвратија дека СДСМ со евтини „финти" дошла на власт и дека така ќе си оди, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа и одговор од Макрадули на прашањето дали власта свесно прави здравствен геноцид врз граѓаните.

-Кој податок и да се погледне од Државниот мониторинг систем, покажува дека загадувањето е намалено. Но, тоа не е доволно поради што уште поинтензивно продолжуваат активностите за чист воздух заедно со граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. За жал, сега некој на маката злоупотребува податоци кои доаѓаат од некалибрирани сензори, а никаде во светот врз основа на тоа не се креира политика. Т.н. индикативни сензори единствено пренесуваат податоци, без каква било обработка. Не ја перзонализирајте борбата со лични дискредитации. Одговорно тврдам дека заедно со оние што знаат во Министерството, секојдневно анализираме, се повикуваме на науката, работиме на четирите анализи од меѓународните фактори кои покажаа успех во многу земји. Затоа, ве замолувам да се бориме заеднички против аерозагадувањето. Да се придржуваме до Планот за чист воздух, зашто е добар и затоа што нема друго решение. Колку побрзо се приклучите кон заедничката борба, толку подобро, порача Макрадукли.

Во 2024 година, потенцира, нема да има јавна институција што ќе загадува.

Оценувајќи ја борбата со загадувањето како лицемерна од страна на СДСМ, Илија Димовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им се придружи откако јавно ќе бидат соопштени податоците за увоз на отпад и кокс.

-Верувам дека Вие лично имате искрена намера, но проблемот е во тоа што како власт изминатите три години не покажавте никаков капацитет со конкретни резултати. Манипулирате со бројки, кога ви одговара покажувате графикони, а кога не велите дека се од „Али-експрес", рече  Димовски.

На тоа Макрадули, изнесувајќи бројки, кусо возврати дека денес е за десетици пати намален увозот на отпад во однос на 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

Се надоврза и Александар Кирацовски со прашање до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зошто додека биле на власт не биле волку ревносни во борбата против загадувањето, а притоа, дополнително, и непродуктивно потрошиле, како што нагласи, милионски суми.

Загадувањето, рече Кирацовски, не е тема за дневна политика, туку за полемизирање.

-Зошто кога бевте на власт не прашавте колку се внесува отпад или кокс? Зошто 11 години никој не знаеше да бекне на оваа тема, а денес сте се заинтригирале како загадувањето да почна откако Груевски избега во Унгарија. За три години се донесени десетици мерки со кои овој проблем се решава. Со 684-те милиони евра за кои гласавте, можевте да набавите еколошки автобуси, инвертери, а здравствените установи и градинките место на нафта ќе се грееја на гас, рече Кирацовски.

Влатко Ѓорчев потсети на вчерашната информација на „Еуроњуз" која, повикувајќи се на Европската агенција за животна средина, наведе дека земјава е најзагадена во Европа.

-Лицемерите на СДСМ одеа по улиците и ветуваа чист воздух. Тоа е „заевизмот" во кој живееме, рече Ѓорчев.

По паузата од речиси еден час, за збор се јави и Лилјана Затурска според која „власта не е искрена во намерата за борба против аерозагадувањето и презема само популистички мерки". -Никогаш немавме вакво загадување, со канцерогени честички. Треба да признаеме дека борбата е неуспешна. Неопходни се и конзистентни ставови. Не може некој кога е пратеник во опозиција да зборува едно, а кога е дел од власта сосема друго, рече Затуроска. /МИА

Свечена академија: Делото на Свети Сава инспирира да градиме општество еднакво за сите

Делото на Свети Сава инспирира и осум века по неговата смрт. 

Неговите државнички активности и активностите како светител оставиле длабоки траги и ја потврдуваат неговата големина. Тој им припаѓа на сите христијани, без разлика во кои државни граници живеат. Кога велиме дека делото на Свети Сава инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите.

Ова го порача техничкиот премиер Оливер Спасовски, во своето обраќање на Свечената академија во Македонскиот народен театар, по повод одбележувањето на 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.

Честитајќи го националниот ден на Србите во Македонија, Спасовски повика сите да ги споделуваме неговите вредности на дело и преку заедништво и правдољубие да ја градиме заедно државата.

– Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош од бога, посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. На овие негови вредности овој свет човек повикува и денес. Неговите пораки се толку силни и потребни и во денешно време. Затоа е многу важно и самите да ги применуваме неговите големи пораки, рече Спасовски.

Додаде и дека делото на Свети Сава инспирира да градиме општество со почит меѓу сите етнички заедници.

-Во таа насока се и грижите и политиките на Владата за српската заедница во нашата земја. Српскиот јазик е службен јазик во општините Куманово и Старо Нагоричане. Во општина Центар во тек е расправата за ДУП-от во кој се предвидени објекти за современ културен центар за српската заедница, ново училиште со паралелки на српски јазик и простор за нова амбасада на Србија. Така се гради заедништво. Со почит кон традициите на сите, напомена Спасовски.

Генералниот секретар на српскиот претседател Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ, честитајќи го големиот српски празник пренесе поздрав од српскиот претседател Вучиќ и порака за братска љубов и поддршка.

– Ова е ден и вечер кога секој треба да се праша колку во изминатата година живеел по Сава, правдољубиво и милостиво. Секој што сака да се спаси мора да оди по патот на посветеноста и верата, изјави Селаковиќ.

Пораката од Сава за братство, љубов и единство, порача Селаковиќ, нека биде благодарност на домаќинот за гостопримството и заедничкото прославување на свечената Савска академија.

Свети Сава е втемелувач на самостојна Српска православна црква, нејзин прв архиепископ, просветител, основач на училишта и болници, дипломат и пишувач на првите закони во српската држава.

На церемонијата присуствуваа јавни личности од регионот и земјава, меѓу кои и Милорад Додик, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, лидерот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ и амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ./МИА

притисни ентер